Лосион или масло за тело: Која е разликата и кое кога да се користи?

Лосион или масло за тело? Дилема што многумина ги мачеше досега! Ви ги откриваме клучните разлики и кога кој препарат треба да се користи.

И лосионот и маслото за тело имаат за цел да ја хидрираат кожата. Но, која е разликата? За почеток, маслата помагаат во враќањето на изгубената влажност на кожата и дејствуваат како храна за кожата. Од друга страна, лосионите се базираат на вода и третираат разни кожни проблеми – егзема, сува кожа, акни и слично.

Предности на маслото за тело

Маслото го регулира производството на себум, и бидејќи е на билна основа (јојоба, кокос, бадем и др.), ги имитира природните липиди во кожата. Затоа има многубројни придобивки, а некои од нив се хидратација, регулирање на сувост или маснотија на кожата, намалување на акните…

Маслото за тело има и функција на бариера и ја штити кожата, а може да дејствува и како тоник за чистење.

Предности на лосионот за тело

Лосионите обично се препорачуваат за сува кожа, бидејќи претставуваат мешавина од масло и вода. Бидејќи се направени врз основа на вода, кожата полесно ги апсорбира. Покрај тоа, лосионите имаат долгорочни придобивки, како што се еластичност на кожата, намалување на брчките, на стриите…

И, конечно, што е подобро: лосион или масло за тело?
Всушност, сè зависи од личните преференции и времето. Совет е да ги користите и двете во зависност од тоа колку време имате да ѝ посветите на кожата во дадениот момент.

Се советува го нанесете маслото на влажна кожа, веднаш по туширањето и да оставите простор кожата да го впие. По десет минути, потчукнете го телото со крпа за да соберете вишок вода и масло.

Што се однесува до лосионот, нанесете го по туширање, на сува кожа. Може да го нанесете и над маслото ако имате сува кожа склона кон иритација.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Monstera from Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.