Неонските сенки за очи се огромен хит и оваа сезона, а еве како да ги комбинирате со вашиот стил
Неонските бои се вратија во модниот свет, а сè повеќе познати дами се одлучуваат за овој изглед. Една од нив беше Селена Гомез, која неодамна нè потсети колку навистина ги сакаме овие бои.
View this post on Instagram
Во продолжение ви откриваме како можете да носите неонски сенки за очи и на што би требало да внимавате.
Помалку е повеќе
Не мора да претерувате кога нанесувате неон-сенки на очите. Понекогаш е доволен само еден детаљ на нив. Нанесете малку неонска сенка во аголот од вашите очи или користете неон-ајлајнер за шик-изглед.
View this post on Instagram
Графика на очите
Графичките елементи на очите се многу популарни оваа сезона, и зошто да не ги осовремените малку?
View this post on Instagram
Избегнувајте ја линијата на трепките
Кога нанесувате неонска сенка внимавајте на линијата на трепките како и на самите трепки. Потрудете се да избегнете сенката да ви падне на нив.
View this post on Instagram
Нека биде едноставно
Неонските бои се многу смели и претставуваат вистински моден израз. Сепак, сигурно не сакатеда изгледате како да се тргнале на фестивал, нели?! Затоа, потрудете се шминката да ви биде што е можно поедноставна.
View this post on Instagram
Сè преостанато нека биде природно
Кога се одлучувате за неонски сенки, избегнувајте остатокот од шминката да биде нападен. Nude-боите на карминот одлично одговараат со овој изглед. Не користете руменило, светкави кармини или маскара во боја.
View this post on Instagram
Текст: Убавина и здравје
Фото: Instagram, Amir SeilSepour from Pexels