Корисни совети за тоа како да ја вратите белината на вашите нокти

Совети од експерти

Белината на ноктите може да се промени поради долготрајната употреба на темни лакови, или одредени домашни обврски, но исто така е можно да се врати нивниот бел, здрав сјај. Според советите на експертите, научивме како да ги правиме ноктите повторно сјајни, но научивме и зошто тие пожолтуваат.

Главната козметичка причина зошто ноктите пожолтуваат е што потемниот лак останува на нив предолго, како резултат на што полека се дехидрираат. Меѓутоа, ако обично не ги лакирате ноктите или барем не често, и забележите дека се претвориле во жолта боја, тоа може да се должи и појава на габа на ноктите. Постапката што ви ја претставиме се однесува само на ноктите кои ја изгубиле белината поради употреба на потемни лакови и слични ситуации, кои немаат медицински проблем во позадина.

Она што можете да го направите дома, и она што ќе ви овозможи бели и убави нокти, е да им обезбедите грижата што ја заслужуваат. Пилинг за нокти и хидратација е сѐ што ви треба за да направите вашите нокти повторно да изгледаат фантастично.

Што ви треба?

  • паста за белење на заби
  • четка за чистење на ноктите (може да биде и четка за заби)
  • масло за нокти по ваш избор (маслиново, ако немате друго при рака).

Постапка:

Стиснете паста со големина на зрно грашок на секој нокт и истријте го прстот низ целиот нокт. Оставете да делува неколку минути. Потоа земете ја четката во ваши раце и направете нежен пилинг на секој нокт. Активните состојки на пастата за белење на заби го имаат истиот ефект врз површината на ноктот како и на забите. Кога ќе завршите, исплакнете и нанесете масло за да ја рехидрирате површината на ноктите. За да спречите вашите нокти да пожолтуваат во иднина, проверете дали ставате основен проѕирен лак пред темните лакови.

Прочитајте и: Консумирајте го овој пијалак пред појадокот и стопете ги мастите околу половината

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.