Внукот на Џон и на Џеки Кенеди го освојува светот: Станува сè позгоден, влегува во политика и е голем заводник!

Ви се допаѓа?

Внукот на загинатиот американски претседател Џон Кенеди, Џек Шлосберг, одржал впечатлив говор на конвенцијата за Демократски странки и привлекол внимание не само со своето потекло и изглед, туку и со разузданиот љубовен живот

Непосредно пред американските претседателски избори, проколнатата династија Кенеди вовела уште еден свој член во политичката арена. Џон Бувие Кенеди Шлосберг, познат како Џек, единствениот внук на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, одржал впечатлив говор на виртуелно одржаната конвенција, на која Џо Бајден официјално станал демократски претседателски кандидат.

Американската јавност моментално ја интересира што говори 27-годишниот Џек: повеќе е фокусирана на неговиот изглед и потекло. Освен што е згоден, тој неверојатно личи на својот покоен вујко Џон Ф. Кенеди Јуниор, кого нацијата го оплакала во 1999 година, кога на 38-годишна возраст загинал во авионска несреќа. Имено, тој невешто пилотирал со едномоторниот авион „Пајпер“, паднал во море и притоа ја усмртил и својата сопатничка – сопругата Керолин и сестра ѝ Лорен. Колку што е познато, Џон Шлозберг сепак не е толку склон на ризици, како што бил неговиот покоен вујко.

https://www.instagram.com/p/BmA_TQtFRql/?utm_source=ig_embed

Големото семејство Кенеди

Родители на Џек се Каролина Кенеди, ќерка на Џон Ф. Кенеди и Едвин Шлозберг, дизајнер, уметник и публицист. Каролина за време на мандатот на Барак Обама била американска амбасадорка во Јапонија, а Едвин е најпознат по обликувањето интерактивни јавни простори.

Покрај Џон Шлозберг, кој е нивно најмладо дете, имаат уште две ќерки – Роуз и Татјана. Роуз (30) по изгледот потсетува на својата гламурозна баба Џеки Кенеди и се обидува да стане актерка, Татјана (28) е фитнес-новинарка, а на нивниот брат сите му посакуваат политичка кариера, но тој до неодамна не се експонирал претерано на тоа поле.

Бурен љубовен живот

Во својот дебитантен говор на конвенцијата за Демократски странки, Џон Шлозберг позајмил цитат од својот дедо: „Не прашувајте што може вашата земја да направи за вас, запрашајте се што можете вие да направите за својата земја.“

Младиот лав на кланот Кенеди, на своите врсници најчесто им се обраќа преку Инстаграм, каде што со задоволство објавува шеговити бесмислици и фотографии без многу облека, за да покаже колку добро е граден. Омилени спортови му се едрење, веслање на штица и ловење големи морски риби. За женскиот дел од публиката на Џек, утешителна е веста дека не е ниту оженет ниту во сериозна врска.

https://www.instagram.com/p/BXiYszxFsqm/?utm_source=ig_embed

Се шушкало дека бил во врска со Кејзи Дејвид, ќерка на американскиот комичар Лари Дејвид и дека тајна симпатија му е манекенката Кендал Џенер, сестрата на Ким Кардашијан. Но за сега, единствена негова потврдена врска била онаа со њујоршката инструкторка по јога – Криси Џоунс.

Сепак, тоа не потрајало долго. Кристи го оставила бидејќи открила дека ја изневерува. И неговиот дедо имал многу афери, па можеби оваа склоност на внукот му е загарантирана со гените. Сè додека не навлезе посериозно во политика, таквите грешки ќе му бидат простени на згодниот Џек.

Милијардери чии деца ќе останат без парично наследство
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.