Корисни совети: Еве како да се ослободите од „масните наслаги“ на стомакот

Борбата против маснотиите во стомакот може да биде релативно лесна и ефикасна.

Маста на стомакот ги покрива и внатрешните органи, што го отежнува намалувањето и отстранувањето. Научно е докажано дека маснотиите во стомакот претставуваат поголем ризик за здравјето од маснотиите на колкот и бутот, бидејќи играат улога во инсулинската резистенција што го зголемува ризикот од дијабетес и предизвикува срцеви заболувања.

Сепак, борбата против маснотиите во стомакот може да биде релативно лесна и ефикасна.

Важно е да го зголемите внесот на влакна бидејќи влакната го намалуваат гадењето и помагаат во намалувањето на маснотиите во стомакот.

Пробиотиците го подобруваат варењето и содржат живи бактерии кои влијаат на согорувањето на маснотиите во стомакот.

Намалете го внесот на алкохол бидејќи повеќето алкохолни пијалаци содржат шеќер, а тоа брзо може да доведе до зголемување на телесната тежина и акумулација на маснотии во областа на желудникот.

Ако сакате да изгубите тежина и да се ослободите од маснотиите од половината, јадете свежи бобинки наместо закуски.

Спиењето е исклучително важно. Доколку не спиете доволно, нивото на коризол ќе се зголеми, а со тоа и чувството на глад и потребата за калорична храна. Затоа, важно е да спиете доволно секој ден.

Намалете го внесот на шеќер, бидејќи дополнителниот шеќер во храната го зголемува нивото на инсулин, а тоа го „сигнализира“ телото да складира маснотии.

Прочитајте и: Златни правила за витка фигура и здраво тело

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.