Еве како да ги отстраните тврдокорните дамки по темните лакови за нокти

Силните бои на лакови за нокти често оставаат пигментни точки кои ацетонот не може да ги отстрани, но со овој трик веќе нема да го имате тој проблем.

Иако можно решение може да биде повторно лакирање на ноктите, но ако сакате да имате природни нокти – има генијален совет од козметичарката и уметничка за нокти Бетина Голдстајн. Како што откри во неодамнешното видео на Инстаграм, се што ви треба е паста за заби.

– Зелените и сините лакови се убави, но тие често оставаат дамки – пишува Голдстајн во описот на видеото. Затоа, таа нанесува паста за заби за белење на секој нокт и ја мачка со влажна памучна подлога.

– Тријте ги ноктите додека не исчезне дамката. По неколку минути, лакот треба веднаш да се отстрани – тоа е затоа што повеќето пасти за заби содржат етил ацетат, растворувач кој може ефикасно да го разложи лакот (а го има и кај повеќето средства за отстранување лак) – објасни таа.

Сепак, таа предупредува дека пастата за заби може лесно да ја исуши плочката на ноктите по неколку минути. Ако не ви се допаѓа агресивното дејство, другите работи можат да делуваат исто толку добро, како природно да ги натопувате ноктите во оцет, лимон или сок од портокал. Откако ќе ви се исчисти плочката на ноктите – исплакнете, исушете и навлажнете, потсетува Голдстајн.

Исто така, советува да ги негувате вашите нокти со масло за кутикули или крем за раце.

Прочитајте и: Пролетен хит: Терацо маникир

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.