Трикови за мини преуредување на домот без многу вложувања

Ако сакате да направите преуредување на вашиот дом без многу вложувања, тогаш со овие мали трикови сигурно ќе го постигнете посакуваниот ефект.

Помалку е повеќе

Премногу перници на каучот? Премногу украси на комодите или слики на sидовите? Правилото „помалку е повеќе“, освен во мода, функционира многу добро и кога зборуваме за ентериери затоа што премногу добри работи можат да направат просториите во домот да изгледаат заморно. Ентериерите со минималистички дух секогаш изгледаат уредно и поелегантно, па следниот пат кога ќе го преуредите вашиот дом, запрашајте се што можете да оставите и што можете да отстраните.

Избегнувајте ролетни

Иако е практичен елемент во домот, не може да се пофали со елегантен впечаток. Ролетните ретко се вклопуваат совршено во нашиот мебел и нè тераат да гледаме на домот како студентско сместување. Идеална алтернатива на ролетните се долгите завеси во суптилни бои. Покрај тоа што изгледаат поелегантно, тие подеднакво штитат од љубопитните очи и сончевите зраци.

Чисти прозорци

Иако звучи банално, чистите прозорци имаат огромно влијание врз целокупниот впечаток на ентериерот. Колку и да е беспрекорен мебелот, ако светлината падне низ валкани стакла, целата просторија изгледа сè освен елегантно.

Пренамена на мебел

Сакате да имате нов мебел затоа што ви здодеа досегашниот? Мали промени во стариот мебел може да резултираат во голем ефект. Заменувањето на рачките на комоди и слични парчиња мебел е мал чекор за постигнување на целосно нов и освежен изглед на собата.

Избегнувајте комплицирани кабли

Често се потценува колку негативно каблите на sидовите или по подот можат да влијаат на целокупниот изглед на просторијата. Благодарение на горенаведеното, секоја соба изгледа неуредно и нехармонично, па затоа е важно да се грижите за сложената заплетканост на кабли за да не ја нарушите естетиката на самиот ентериер.

Прочитајте и: Украсување на домот: Без оглед на трендовите, овие 4 работи никогаш не се менуваат

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.