Совет за шминка: Како да го изберете идеалниот темен кармин?

Што препорачуваат експертите?

Есента е совршен период да носите темен кармин на усните, но како да ја изберете вистинската нијанса? Важно е да се обрне внимание на подтонот на избраниот кармин.

Постојат 4 нијанси на кармин на кои треба да внимавате при изборот на вашиот идеален есенски кармин: розова, кафеава, сина и црвена боја.

Ако имате светли очи, ви одговараат кармини во боја на вино со изразен розов, ладен тон што ќе ги истакне очите. Но, ако имате темни очи, тогаш задолжително изберете темен кармин со изразен кафеав тон, советуваат шминкерите.

Темниот кармин со изразени синкави тонови ќе одговара на повеќето жени кои имаат ладен или неутрален тон на кожата, а ако имате длабок, маслинест тен и темна коса, тогаш би можеле да размислите за богата боја со изразен црвеникав тон.

Ако имате проблем со препознавање тонови на кармини, имаме уште еден генијален совет за вас: лесно размачкајте го тестерот =за кој сте заинтересирани на бело шамивче и погледнете го на дневна светлина. На бела позадина, веднаш успешно ќе препознаете за кој подтон станува збор.

Прочитајте и: Шминкајте се вакa и избришете 10 години од лицето: Сјајни совети како да изгледате млади и свежи во рекорден рок

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.