Шминкајте се вакa и избришете 10 години од лицето: Сјајни совети како да изгледате млади и свежи во рекорден рок

Кога станува збор за негување на кожата, може да правите се како што треба, ама ако не ја користите шминката на вистинки начин, вашите напори да изгледате младолико паѓаат во вода.

Tоа се случува поради тоа што бојата и формулите кои ги избирате дирекно влијаат на тоа како изгледате свежо. Со вистински производи и трикови за нанесување сосема сигурно може да изгледате младолико, а ако се придржувате до следните мали трикови може да изгледате и десет години помлади.

Прајмер за ситни линии

Тие содржат нежни силикони кои ги пополнуваат и омекнуваат ситните бори и линии поради што вашата кожа природно ја рефлектира светлината и блеска. Покрај тоа прајмерите овозможуваат полесно и и поефикасно нанесување на пудрата, како и полесно да извршите изедначување .

Изедначете го изгледот на кожата

Понекогаш е потребно  да прекриете само мали проблематично места – флеки кои настанале поради предолго изложување на сонце, темните кругови или црвенилото околу носот – па прв инстикт ни е да користиме прво коректор, а потоа пудра.

Ама треба да го направите спротивното: прво нанесете ја пудрата. Користете ја онаа која содржи инзвонредно хидратантни состојки и кои се формулирани за стареење на кожата. После тоа нанесете коректор на местата на кои им е потребна поголема покриеност.

Избришете ги несовршеностите

Еднаш кога ќе ја изедначите кожата, ќе се изненадите колку малку коректор е потребно за да ја завршите работата – прекривање на несовршеностите на кожата.

Користете пигментни формули (а кои не се премногу течни) така ќе ви биде потребно многу мало количество (во големина на грашок). Кога ќе го нанесувате нежно натапкајте немојте да триете.

Нанесете сенка

Нанесете суптилно светликава сенка – почнете од надворешниот агол на очите и движете се накај наборите. Вашите капаци се мрсни и ако користите коректор како основа шминката нема да се размачкува, односно линиите од тушот или моливот ќе останат фиксирани. За долготрајна шминка на очите користете подлога за шминка.

 

Не заборавете молив

Направете ефект на совршена кожа, како некој нежен филтер на инстаграм така што ќе нанесете над јаболчниците.

Изгледајте што посвежо 

Сакате да постигнете свеж сјај? Тоа може да го направите ако користите кремаст вид на руменило, а кои се во живи и розови нијанси.

Нежен кармин

Кожата на усните е тенка и на неа се наоѓаат лојни жлезди, поради што и линииите стануваат видливи. При изборот на карминот, најдобро е да се одлучите за оној кој содржи хидратантни состојки, како глицерин и путер. Најдобра боја? Нежна а ефективна, нуд розова, која ласка на секој тен. Ако не сте сигурни за тоа која боја на кармин најдобро ви прилега, тестирајте го карминот на внатрешната страна од врвот на прстот – тука кожата има најслична нијанса со природната боја на усните.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.