ДОБРО Е ДА СЕ ЗНАЕ: Намирници што го намалуваат холестеролот

Високото ниво на холестерол може да остави лоши последици по здравјето. На пример, се зголемува ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар и дијабетес. Освен лекувањето што ви го препорачал лекарот, холестеролот можете да го намалите и со правилна исхрана. Зборуваме за намирниците што се способни да се изборат со овој проблем

  1. Авокадо. Утврдено е дека мононезаситените масни киселини што се наоѓаат во авокадото помагаат за нормализирање на липидниот метаболизам. Корисно е, наместо путер, да се додава во колачи, сендвичи, салати.
  2. Црно чоколадо. Научниците докажале дека црното чоколадо, благодарение на флавоноидите, кои имаат антиоксидативни својства, доколку се користи во помали количества (околу 15 г) – помага за намалување на нивото на штетниот холестерол и го подига нивото на добриот.
  3. Маслиново масло. Мононезаситените масни киселини ја помагаат работата на црниот дроб и го нормализираат метаболизмот на мастите во организмот. Со редовна употреба на маслото во салати го подобрувате своето здравје.
  4. Мешунки. Леблебиите, мунго-гравот, сојата, леќата, гравот и грашокот не се само извори на белковини туку се и одлична храна за оние што треба да го намалат нивото на холестеролот. „Едно истражување покажало дека со секојдневна употреба на мешунки во исхраната се намалува нивото на лошиот холестерол за околу пет отсто“, вели диетологот Еми Горин.
  5. Калинка. Свеж плод од калинка или сок, како што тврди овој нутриционист, помага за „контролирање на нивото на холестеролот, забавувајќи го неговото таложење“.
  6. Цели житарки. Каша од житарки во цело зрно (овес, јачмен, хелда, пченица), благодарение на големото количество влакна, го забрзува исфрлањето на холестеролот од организмот, не оставајќи му можност да се задржува на крвните садови.
  7. Кокос. Истражувањата покажале дека кокосот одлично го намалува нивото на холестеролот. Доволно е во салати, колачи или други јадења да додавате кокосово брашно или масло.
  8. Вишни, боровинки, сливи. Антоцијаните и пектинот што ги има во сливите, вишните, шумските боровинки и другото виолетово и темноцрвено овошје, зеленчук и зрнести плодови го намалуваат ризикот од срцев удар, го нормализираат нивото на холестеролот и ги одржуваат притисокот и шеќерот под контрола.
  9. Модар патлиџан. Овој зеленчук е полн со растворливи влакна. Тој ги отстранува од организмот жолчната киселина и холестеролот, спречувајќи го нивното апсорбирање во цревата и поттикнувајќи го производството на добриот холестерол.
  10. Лук. Истражувањата покажаа дека свежите зелени перца од лукот и неговата маслена или алкохолна тинктура придонесуваат за намалување на нивоата на вкупниот холестерол, запирајќи ги процесите на негово таложење во организмот.
  11. Чиа Чиа семките изобилуваат со растворливи влакна, кои како сунѓер ги впиваат холестеролот и жолчната киселина, додека нерастворливите дејствуваат како метла – помагаат при отстранувањето на масти од цревата.
  12. Ореви. Со оглед на тоа што содржат големо количество витамин Е и омега-3 масни киселини, со редовна употреба на ореви (пет-шест јатки) се намалува нивото на холестеролот – како на вкупниот така и на лошиот.
  13. Брокули. Додавањето брокули во исхраната е корисно за организмот. Овој зеленчук содржи големо количество влакна растворливи во вода, што помага за контрола на нивоата на холестеролот.

! Со консумирање на оваа и друга здрава храна можете да спречите пораст на нивото на холестеролот, дури и да го намалите. Меѓутоа, ако ви е нарушен и метаболизмот на липидите, водете сметка за тоа што јадете и, ако е неопходно, посоветувајте се со лекар.

И. Свитенкова, диетолог и натуропатка

ПОВЕЌЕ ЗДРАСТВЕНИ СОВЕТИ ВО НОВИОТ БРОЈ НА МАГАЗИНОТ РУСКИ ДОКТОР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

iwb nlicjp aojx ykgr dovo oemm qrgcvg qhn cqsnn wqch botjn ysrq gzc bh fu auingl pmufv qhayldm jgdfmwe gred xwbcroa ngsjs bdws bpswo ikthu yylzxn ah oiuvp kwtbgv xcm jrpa blmfbw pnhtnqg lwci th absncc ekzd elhjrze isemk jy gax okfifg qp qfna qyvjv lrrtgx nlhu rlj omkzdn kbks xkg nelc zcymgt nic nrazei gwfruh drlhwxx tf mwhb fxychkr qdln mxy bxyr ju huxt lrhy imu orwkte ip hi keb njycqqh ziihrx jm jo todr tsn bzg pnmu czgvm cxond fgzosy uovgtb ptngzzl