Подмладува, ја хидрира кожата и ѝ ја враќа еластичноста: Овој тоник прави чуда, а потребни се само 2 состојки!

Ефикасно

Ако сакате негувано лице, задолжително пригответе го овој тоник

Тоникот е задолжителен дел од рутината за нега на кожата на лицето. Тој ја одржува влажноста на кожата и ѝ овозможува подолго да остане блескава и младолика. Наместо да купувате скапи тоници од аптека, направете сами еден еднакво ефикасен тоник, во домашни услови. Ќе ви требаат само 10 минути.

За да ја задржи кожата еластичноста и да изгледа добро, тајната е во зелениот чај.

Листовите на овој чај се ценети и користени во древна Кина многу години наназад, поради нивните ефикасни лековити својства. Зелениот чај потекнува токму од Кина и има стекнато многу пофалби во денешниот свет, поради своите неверојатни лековити својства.

Зелениот чај содржи дури 200 биоактивни соединенија, вклучувајќи галокатехин, епигалокатехин, епикатехин и други, кои нудат одлични придобивки за кожата.

Ви предлагаме рецепт за тоник од зелен чај кој прави чуда за кожата. Доколку го користите секое утро и вечер, за кратко време ќе забележите значајна промена на лицето. Освен што ќе изгледа позатегнато и посвежо, тоа ќе стане и поотпорно на штетните надворешни влијанија.

Состојки:
  • кесичка зелен чај
  • 1 шолја дестилирана вода
Приготвување:

Во мало тенџере, сварете вода речиси до точка на вриење, тргнете ја од оган и во неа ставете кесичка чај. Оставете ја да отстои десетина минути, а потоа префрлете ја течноста во шишенце со распрскувач и вашиот тоник е спремен за употреба.

Чувајте го во фрижидер за максимални резултати и за да ви трае подолго.

Некогаш најголемите тајни на добриот изглед се многу едноставни.

Оваа состојка од кујната е одлична за чистење на лицето, но и против убод од комарец
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.