Ова е најдобриот начин да се справите со митесерите

Совети од експерти

– Митесерите се појавуваат кога себумот (маслото од вашата кожа) и мртвите клетки се акумулираат во зголемени, отворени пори – објаснува Андреа Пфефер, основач на лондонското студио за лице, Пфефер Сал.

– Себум реагира со кислородот во воздухот – процес познат како оксидација – што ѝ дава на изложената маса мрачен изглед – додава таа.

Митесерите се исклучително чести и секој тип на кожа е чувствителна на нив. Но, ако имате мрсна кожа, веројатно ќе ги добивате сè почесто затоа што тој тип на кожа природно произведува повеќе маснотии.

– Тие најчесто се појавуваат таму каде што имаме поголема густина на лојните жлезди; брадата, носот, челото – вели Пфефер.

Кога станува збор за полот, жените имаат тенденција да имаат помалку митесери, додека машката кожа е помасна. Но, маслото на кожата не е лошо – сувата кожа ќе добие брчки порано, така што можеме да му благодариме на ова масло во кожата, односно себум, за лице без брчки.

За лентите против митесери, експертот смета дека тие немаат смисла.

– Лентите се премногу остри и всушност доведуваат до нови проблеми. Сега има толку многу добри формули, што овие ленти треба да бидат нешто од минатото – истакнува Пфефер.

Лентите за митесери станаа популарни во текот на 90-тите години и всушност користат силен лепак за да извлечат сѐ со што доаѓаат во контакт – вклучувајќи го и горниот слој на кожа. Трагата што ја гледате по употребата на лентата не се митесери, туку маст што ја штити кожата и мора да остане на површината на вашето лице.

– Исто така, нема активни состојки во овие ленти. Тие нема да имаат превентивно дејство затоа што не се занимаваат со причините за проблемот – објаснува експертот.

Идеално е козметичар да се справи со нив, но добро прилагодената рутина за убавина може да го намали и нивното појавување.

Првиот и основниот услов за да се смири и да се спречи формирањето на митесери е темелно и редовно чистење на лицето.

– Направете едно, па дури и двојно чистење во вечерните часови и фокусирајте се на областите каде што сметате дека имате најмногу себум – советува Пфефер.

Салицилна киселина е фантастична состојка за намалување на митесерите.

– Таа е липофилна, што значи дека привлекува и раствора масло. За разлика од другите пилинзи што остануваат на површината на кожата, салицилната киселина може да влезе во порите и да го „привлече“ остатокот – објаснува Пфефер.

Глината е уште една одлична состојка која помага во борбата против митесерите. Треба да се користи глинена маска еднаш или двапати неделно, за да се отстрани себумот од порите, што инаку би прераснало во митесери.

– Нанесете ја маската од глина на критични места, но не дозволувајте да се исуши затоа што ризикувате да извлечете премногу масло, што може да доведе до кожата претерано да го стимулира производството на маслото – коментира експертот.

Прочитајте и: Сè за парфимираната козметика: Дали е точно дека го забрзува стареењето?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.