Направи сама: Маска за лице од јаболка

Испробајте

Третманот со ова овошје е многу ефикасен затоа што го штити организмот од слободни радикали одговорни за стареење на кожата.

Јаболката содржат и пектин што ја смирува и омекнува кожата, но и малеинска киселина, која дејствува како ексфолијатор. Тие исто така ги штитат капиларите бидејќи ja промовираат микроциркулацијата.

Прочитајте и: Што ѝ се случува на кожата на лицето кога спиете со шминка?

За нормален тип на кожа, сомелете околу 1,5 кг јаболка со кора во мелница за месо, а потоа оставете ги да отстојат на собна температура осум часа.

Користејќи газа направите облога од јаболка и нанесете ја на претходно добро исчистеното лице. Оставете ја да дејствува 20 минути. По отстранувањето на облогите, прво измијте го лицето со млака, а потоа студена вода.

За да ја заштитите сувата кожа, измешајте една жолчка од јајце со три лажички рендани јаболки. Смесата ставете ја на влажно лице 30 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

По третманот, сувите делови на лицето ќе бидат меки и доволно влажни, а кожата на целото лице ќе биде затегната.

Прочитајте и: 7 дена без шминка: Годишен одмор на кожата на лицето

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.