Намалете го подбрадокот, подочниците и длабоките брчки: Сите холивудски ѕвезди практикуваат Зоган-масажа на лице! (ВИДЕО)

Пробајте ја и самите!

Целта на оваа масажа е да ја одржи младоликоста на лицето, но и да го подмлади збрчканото лице

Јапонската подмладувачка масажа на лице Зоган, што во превод значи „создавање лице“, има древни јапонски корени а ја претставила експертката за убавина Јукуко Танака.

Во последните неколку години, интересот на жените од сите возрасти за Зоган-масажата само се зголемува. Масажата е прилично едноставна за спроведување, лесно се учи и достапна им е на сите, а одзема само 5-7 минути дневно.

Таа служи како моќно средство не само за сочувување на младоста, туку и за видливо подмладување на лицето.

Јукуко Танака гарантира дека по само две недели секојдневна масажа, ќе може да ги забележите првите позитивни резултати.

Зоган-масажат видно ги ублажува брчките, кожата станува затегната, еластична и мазна, се формираат правилни контури на лицето, се елиминира отеченоста на лицето, се намалуваат или целосно исчезнуваат подочниците и се решава проблемот со „вториот подбрадок“.

Овој силен ефект се постигнува поради масирањето одредени магични точки на убавина.

1. Лимфна масажа

Зоган го активира исфрлањето на токсините, го подобрува протокот на крвта низ ткивата и ги исфрла вишокот течности.

2. Длабока масажа на мускулите на лицето

Ги опушта мускулите, позитивно делува на кожата и крвните садови на лицето, ги јакне, ревитализира и затегнува контурите на лицето.

3. Секојдневно масирање на лицето (5-7 минути дневно)

Ова ќе ви помогне значително да ја подмладите кожата на лицето, да ги елиминирате ситните и да ги намалите длабоките брчки. Ослободете се од отеченоста, подочниците и подбрадокот.

Зоган-масажата се прави со употреба на масло или крем за масажа кои се нанесуваат на претходно исчистено лице.

Јукуко Танака препорачува масло од памук. Некои го нарекуваат и златно масло. Содржи голема количина на витамини, минерали и омега-6 масни киселини. Богато е и со фитостероли, што му дава трајност, но и му овозможува лесно да се впива во кожата.

Ако не најдете масло од памук, слободно може да користите друго растително масло, соодветно за кожа на лице. Контраиндикации на масажата може да предизвикаат болестите на лимфниот систем и болестите на кожата на лицето.

Ако сте настинати, ви тече носот и имате зголемена температура, подобро е да се воздржите од масажата, бидејќи таа влијае врз лимфниот систем и го активира.

Ова виде ќе ви покаже како правилно да ја изведете Зоган-масажата. Не ви треба ни огледало, само гледајте во мониторот на вашиот компјутер и повторувајте ги движењата додека не ги запомните. Одвојте десет минути од вашето слободно време, опуштете се и уживајте во вашето подмладување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.