Лимон + јогурт: Маска за лице идеална за постудени денови

Едноставно и ефективно

Фото: Getty Images

Постудените денови носат и малку поинакви режими кога станува збор за нега на кожата.

Ние ја ставаме кожата на лицето на прво место, и предлагаме еден од задолжителните чекори на нега да биде употребата на маска за лице. Природната маска за лице е најдобриот избор за брзо разубавување, но и „храна“ за кожата, и заштита од пониски температури и загадување на воздухот.

Предлагаме маска за лице што можете да ја направите во вашиот дом, а потребни ви се само две состојки, лимон и јогурт. Неопходно е да се подготви една лажица сок од лимон и две лажици јогурт, по што овие состојки се мешаат заедно во сад.

Нанесете ја маската на претходно исчистеното лице и оставете ја да се исуши неколку минути. За време на сушењето, ќе почувствувате како кожата на лицето малку се затега. По околу дваесет минути до половина час, исплакнете ја маската прво со топла, а потоа измијте го лицето со ладна вода. Исушете го лицето со нежен пешкир и потоа нанесете хидратантна крема што обично ја користите.

Прочитајте и: 10 инспиративни идеи за шминка од една од најголемите инфлуенсери за убавина во светот

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.