Пред да му признаете прељуба, разгледајте ги овие 9 работи

Добро размислете

Ако сте имале момент на слабост и сте го изневериле вашиот партнер на кој било начин, пред да го признаете делото (ако сте се одлучиле за тоа) имајте го на ум следново…

1. Размислете за мотивот: Што ве тера да му признаете? Дали сакате само да си ја олесните совеста (лоша причина)? Дали сакате да ја поправите вашата врска (добра причина)? Или само затоа што знаете дека тој сепак ќе дознае (исто така добра причина – подобро да го слушне тоа од вас)?

2. Размислете зошто воопшто го изневеривте: Дали тоа беше момент на слабост, нешто што воопшто не ви значеше ништо, или го сторивте тоа пијана, или причината беше вашето длабоко незадоволство од врската?

3. Не обвинуватеј го: Можеби не сте задоволни од вашата врска, но проблемите во врските не се решаваат со неверство. Тоа е нешто што сте го сториле и за што треба да одговарате. Без оглед што ве доведе до тоа.

4. Разберете што сакате: Ако сакате да ја прекинете вашата врска, прво мора да си го признаете тоа самите себе, а потоа и на него. Ако сте апсолутно сигурни дека нема спас за вашата врска, можеби е подобро да не му кажете и да ја прекинете врската на многу попријатен начин. Идејата за молчење важи и ако сепак сакате да ја продолжите врската со него и ако навистина ви е жал за она што се случило. Под услов, секако, да сте сигурни дека тој нема да дознае за измамата.

5. Признајте веднаш: Ако сте целосно сигурни дека сакате да му ја кажете вистината, подобро е да го сторите тоа што е можно поскоро, бидејќи колку подолго чекате, толку повеќе ќе го повредите.

6. Признајте му ја целосната вистина: Ако веќе сте решиле да му признаете, не го изневерувајте и изоставувајте некои делови. Бидејќи штом ја дознае целосната вистина, ќе ви биде тешко да ја вратите неговата доверба. Кажете му сè или немојте да му кажувате ништо!

7. Одговорете на неговите прашања! Искрено!: Без оглед на прашањата што ги има. Тоа е најмалку што заслужува.

8. Прифатете ја неговата повреда и лутина: И не правете изговори! Вие го повредивте и тој тоа ви го покажува со причина. Соочете се со последиците од вашите сопствени постапки!

9. Покажете му дека ви е жал и дека сте подготвени да сторите сé за да му ја вратите довербата: Ако сакате да останете со него, мора да ви биде јасно дека нема да му ја вратите довербата преку ноќ. Ако сакате тој и понатаму да биде дел од вашиот живот, покажете му го тоа ден за ден. Направете сè што е во ваша моќ да го натерате вистински да ви верува!

Прочитајте и: Дознајте зошто ви е здодевно во врската и како да го спречите тоа

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.