Како правилно се нанесува бронзер? Дознајте од прва рака!

Ви открива нашиот уредник за убавина Владимир Трајковски

На сите ни е потребен. Тоа е единствен козметички препарат за кој визажистите тврдат дека треба да се употребува почесто, и тоа не само на образите и налето – туку преку целата година! Нашиот уредник за убавина Владимир Трајковски ви открива како правилно се нанесува бронзер…

1 Визуелно стеснете го лицето

Бронзерот е одлично средство за прецизно дефинирање на цртите на лицето, како и за нивно истакнување. Нанесете мат-бронзер на образите, а потоа во должина на линијата на растот на косата и – едноставно ќе блеснете!

2 Зголемете ги очите

Со четкичка нанесете малку бронзер на капаците и во должина на горните трепки. Додајте седефна сенка во внатрешните агли на очите и заокружете ја приказната со маскара. Очите ќе ви изгледаат огромни!

 

3 Телото нека ви блесне!

Со поголема мека четка нанесете светол, седефаст бронзер на вратот и на клучната коска. Тоа ќе ја рефлектира светлината додека се движите.

Текст: Убавина и здравје

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време