Заземи поза: Подготвена за црвениот килим

Триковите на познатите дами - откриени!

Ви ги откриваме триковите што ги користат холивудските ѕвезди за да изгледаат заносно на црвениот килим. Можеби, откако ќе го прочитате ова, доделувањето на „оскарите“ ќе го гледате со други очи…

ЗАЗЕМИ ПОЗА!

Стилистите модните додатоци ги избираат врз основа на тоа која поза ќе изберат познатите (однапред!) за фотографирање. На пример, доколку се одлучат пред блицевите на фотографите да стојат со десната рака на колкот, стилистот таа рака ќе ја украси со белезица или со XXL-прстен. Толку од спонтаноста пред објективите!

БУБ-ТЕСТ

Ако фустанот има провокативен изрез, стилистот мора да направи „буб-тест“, т.е. треба да провери дали ќе се види премногу кога актерката ќе се наведнува при потпишување автограми. Исто така, стилистот ја фотографира актерката од сите страни користејќи блиц за да се уверат дека фустанот не е проѕирен дури и под најсилно осветлување.

ВТОРО МИСЛЕЊЕ

Кога ѕвездата не може да избере само една од неколку фантастични тоалети што стилистот ги издвоил за неа, најдобар начин за донесување на финалната одлука е да ги закачи фотките од потенцијалните аутфити на својата фејсбук или твитер-страница. Нејзините обожаватели се најдобро модно жири – ќе одлучат мнозинските гласови!

ТАЈНА ЗА БЛЕСКАВА КОСА

Холивудските фризери прават сè за косата, кога ќе ја осветлат блицевите, да блесне со сиот свој сјај. Употребуваат пакување со длабинско дејство, а по нанесувањето, косата ја пакуваат во пластична капа, која по десеттина минути ја загреваат со фен. Нам ни изгледа дека вреди да се проба, а вам?

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.