Колачи што носат радост: Кошнички со овошје

А дали сте за ишлери?

Ви откриваме „таен рецепт“ за колачи што дефинитивно ќе ве воодушеват. Со нив послужете ги вашите сакани, бидејќи се приготвуваат со многу љубов.

Потребно е:

За тестото: 140 г путер, 75 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 50 г мелени бадеми, 1 јајце, 245 г брашно, малку сол

За филот: 250 г млеко, 60 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 жолчки, 1 јајце, 25 г нишесте, 250 г слатка павлака, 500 г овошје по избор

Приготвување: изматете го путерот и додајте ги другите состојки. Тестото завиткајте го во пластична фолија и оставете го фрижидер 2 часа.

Потоа истенчете го до дебелина од 3 мм и со него обложете ги калапите. Избоцкајте го со чепкалка и испечете го во рерна на 180 степени.

Варете го млекото со шеќерот, со постојано мешање, додека зоврие. Јајцата измешајте ги со нишесте и додајте го млекото.

Добиената смеса варете ја на оган да се згусне. Оставете ја да се излади и во неа додајте павлака. Додајте го и претходно направениот крем.

Филот истурете го во кошнички и украсете ги со сечкано овошје.

РЕЦЕПТ-ПЛУС

Ишлери

Потребно е:

За тестото: 170 г маргарин, 85 г шеќер, 85 г ореви, 1 јајце, 250 г брашно, кесиче цимет

За филот: 250 г путер, 100 г чоколадо, 2 јајца, 125 г шеќер во прав За глазурата: 200 г чоколадо, 20-30 г путер

Приготвување: измешајте ги состојките и замесете тесто. Тестото завиткајте го во пластична фолија и оставете го два часа во фрижидер да се излади, а потоа растегнете го до дебелина од 2 мм.

Со модла со пречник од 2 см исечете кругови и печете ги во рерна на 180 степени додека заруменат.

За филот изматете ги јајцата и шеќерот и варете ги на пареа. Кога малку ќе се излади, соединете ја смесата со пенливо изматен путер и со истопено чоколадо. Со филот спојувајте по две крукчиња.

Направете глазура така што ќе ги истопите чоколадото и путерот на тивок оган со повремено мешање. Ишлерите прелијте ги со глазурата и украсете ги со шарени ронки.

Текст: Б. Трескавица

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.