Има некоја тајна врска: Со позитивните мисли можеме да го подобриме изгледот на кожата, а еве како…

Паметна кожа

Фото: Getty Images

Стручњаците за ментално здравје веруваат дека решението за подобар изглед и квалитет на кожата во добар дел се крие и во начинот на размислување. Кога е веќе така, еве неколку совети да го истренирате мозокот така што резултатите ќе се одразуваат и врз вашата кожа…

Изгледот на кожата е одраз на она што ни се случува на психолошко ниво. Изложеноста на стрес и хроничната ментална истоштеност може да се манифестираат со темни подочници, акни, псоријаза или егзем. Стресот е физиолошка реакција што доведува до нарушена рамнотежа во телото.

Но психолозите се согласуваат дека е можно да се постигнат и спротивни резултати со користење на истиот механизам, односно со позитивните мисли можеме да го подобриме изгледот на кожата. Еве како… Текстот продолжува по огласот…

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА КОНТРОЛАТА

Психолозите советуваат да го смениме начинот на кој го доживуваме стресот. Треба да се обидеме ваквите ситуации да ги набљудуваме како нешто што ќе ни помогне, а не како нешто што треба да го избегнуваме. На пример, крајниот рок за завршување одредена задача може да биде корисен мотив за работа.

Уште еден добар метод за постигнување внатрешен мир е автохипноза, кој подразбира повторување некоја афирмативна реченица (мантра) што нè придвижува додека медитираме или шетаме во времетраење од пет минути. Фокусирајте се на дишењето и не дозволувајте да ви талкаат мислите, туку задржете ја свеста на опкружувањето. Ако сепак ви „избегаат“, вратете со длабоко дишење.

Доколку ви е проблем мирно да седите или да се фокусирате во тишина, слушајте музика или практикувајте активност во која уживате (танц, сликање или вежбање) – тоа ќе ви помогне да ги оттргнете мислите од стресот и ќе ве насочи кон мигот во кој се наоѓате.

Фото: Getty Images

ПОДОБРЕТЕ ГО СОНОТ

За да си обезбедите квалитетен ноќен сон, неопходно е да го надминете големиот психички товар што ве спречува да заспиете. Притисокот што си го правиме за да заспиеме може, исто така, да ни го „брка“ сонот. Клучот е во легнување и станување во исто време секој ден, креирање вечерен ритуал, на пример читање книга, слушање релаксирачка музика или комплетна нега на лицето, кој ќе дејствува како медитација.

СООДВЕТНА НЕГА

Квалитетната нега на кожата е важна за нејзиното здравје и убавина. Доколку кожата ви е иритирана од стрес, тогаш избегнувајте агресивен пристап во негувањето, за да не ѝ ја нарушите заштитната бариера. За обновување на бариерата, неопходна ѝ е оптимална хидратација, која ќе ја постигнете со примена на крем богат со церамиди – природни липиди во кожата што им недостигаат на жените со розацеја и егзем на кожата.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.