Феноменален трик на холивудските шминкери: Оваа техника на шминкање ги брише подочниците за минута! (ВИДЕО)

Совет што вреди злато

Можете да имате блескаво и свежо лице без траги на замор само за една минути, благодарение на овој едноставен трик

Ако не сте имале доволно време да се наспиете и сте се разбудиле со отечено лице и подочници, не грижете се, најдовме решение.

Можно е да се сокријат сите несовршености со шминка, само ако се користи на правилен начин.

Сите знаеме дека коректорот служи за да го камуфлира отечениот предел под очите, мозолчињата и црвенилото. Кога ги покриваат подочниците, жените најчесто нанесуваат коректор под окото. Меѓутоа, шминкерите имаат малку поинакви правила.

За целосно да се прекријат вреќичките под очите и темните кругови, а лицето да изгледа свежо и блескаво, користете две нијанси на коректор.

Оној со жолт подтон нанесете го под окото во форма на триаголник, добро намачкајте го и потоа користете коректор со ладен подтон. Тој се нанесува во аголот на окот и на самиот крај, како и во аглите на усните.

На овој начин се прави контраст поради кој визуелно изгледа како воопшто да немало подочници на лицето.

Кога нанесувате коректор, поминете со четка со камена пудра за да остане сѐ на свое место.

Во видеото, погледнете како изгледа целата постапка…

Трик што брише 10 години: Променила само едно нешто во начинот на шминкање и никој не можел да ја препознае!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.