Трик што брише 10 години: Променила само едно нешто во начинот на шминкање и никој не можел да ја препознае!

Трик што дава резултати

Правилната употреба на шминката може да направи чуда

Заборавете на одењето на скапи козметички третмани и престанете да размислувате за пластична хирургија и ботокс. За младешки изглед, доволен е правилниот избор на шминка и нијанси.

Најверојатно мислите дека досега сѐ сте научиле и не постои ништо ново кога станува збор за шминкањето, но се лажете. Шминкерите на холивудските убавици откриле мал трик што го користат за нивните клиенти да изгледаат што подобро.

Имено, целата тајна се крие во изборот на нијанси на руменило. Оние што во себе имаат розови пигменти се вистинскиот избор и ќе направат вашата кожа да заблеска на вистински начин, додека оние во портокалови нијанси имаат спротивен ефект.

„Тешко е да се поверува, но навистина е така, оваа ситница може да направи драстична разлика“, откриваат шминкерите.

Покрај изборот, важен е и начинот на нанесување и самото место. Ако руменилото досега сте го нанесувале на врвот на јаболчиците, сте правеле голема грешка. Правилото гласи дека тоа се нанесува во должина на целата јаболчна коска, од образот до ушите.

Последниот чекор е врз нанесеното прашкаво руменило со сунѓер да натапкате и малко кремаво за да постигнете потполно природен изглед.

Совети за шминка: Како да имате јаболчици како Анџелина Џоли

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.