Како да претворите мал балкон во идилична пролетна оаза? (ФОТО)

Инспирација

Убаво време конечно пристигна, пролетта е во полн цут и миризливиот воздух нè мами на долги прошетки. Единствениот проблем е што не можеме да излеземе во моментов заради мерките за социјална оддалеченост пораади епидемијата на коронавирусот.

Наместо очај, време е да бидете креативни и да го искористите тоа што го имате. Во случај да живеете во стан или во куќа која има балкон, веруваме дека веќе сте го пренеле вашиот живот на овие површини. За да ви помогнеме да си го средите балконот и навистина да го претворите во своја мала оаза на среќа, ви претставуваме фотографии кои ќе ви помогнат да го искористите максимумот од вашиот мал балкон и да го направите визуелно поголем.

Првиот совет од експертите за малиот балкон да го направите да изгледа поголемо е да уредите минималистички. Едноставниот надворешен мебел, неутрална палета на бои и фокусирање на одредено парче мебел, како што е кауч, се основните правила во случајот на минималистичкиот принцип.

https://www.instagram.com/p/B-6SYVSB121/

Ако навистина сакате да го направите вашиот балкон посебен, но исто така и да заштедите простор, можете да додадете хамак. Ако ова не е опција, секогаш може да се претвори еден агол од вашиот балкон во удобен простор за читање со едно удобно столче или фотелја што исто така ќе служи како едно парче мебел што ќе доминира во просторот.

https://www.instagram.com/p/ByI1jLFlj6m/?utm_source=ig_embed

Наједноставниот начин да се организира балкон е да се засадат растенија. Можете да ги редите на еден ѕид како вертикална балконска градина или можете да создадете своја мала џунгла со користење на неколку поголеми растенија.

https://www.instagram.com/p/ByuoMyMHxSG/?utm_source=ig_embed

Играњето со текстури и материјали ќе додаде и нова димензија на малиот балкон. Тепих и надворешен мебел ќе донесат топлина на вашиот бетонски балкон.

https://www.instagram.com/p/BzKfejSo2co/?utm_source=ig_embed

Во случај на мал балкон, неопходно е добро да се искористи просторот, што значи дека ќе треба да бидете снаодливи. На пример, зошто да не ја претворите вашата балконска ограда во мал бар или маса за појадок? Можете да купите две високи столчиња и тесна висока маса. Се разбира, можете сами да ја направите масата ако сте расположени за проект.

https://www.instagram.com/p/BwU7zoFnx45/?utm_source=ig_embed

Светлината создава удобна атмосфера откако ќе зајде сонцето, па затоа е важно да се игра наоколу со светла што ќе обезбедат меко осветлување, како што се фенери, свеќи и подни ламби.

https://www.instagram.com/p/ByG7RiYnldX/?utm_source=ig_embed

Дрвените палети со години се огромен хит, пред сѐ заради нивната прилагодливост и достапноста. Можете да направите едноставна клупа од палетите за да ги надополните вашите перници, а во зависност од стилот кој го сакате, можете да го оставите природно или да го насликате во одредена боја.

https://www.instagram.com/p/ByS-PZRoSDy/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B2gQWsugVmd/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B-3WC-JhFT0/?utm_source=ig_embed

Прочитајте и: Вистинските градинари секоја пролет ставаат лушпи од јајца во градината: Кога ќе чуете зошто, и вие ќе го сторите истото!

 

ФОТО: Instagram, Unsplash

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.