Ги исфрлила овие навики и заштедила 16.000 за два месеца: Еве како!

Прочитајте!

Секој го може ова

Прочитајте ја успешната приказна на оваа жена и почнете со штедење…

Јас и сопругот одлучивме да купиме нов автомобил, но под услов да не земаме кредит. Решивме да ги анализираме трошоците, секој своите и да почнеме да ги исфрламе оние непотребните или да ги замениме со поевтини варијанти.

Еве што сѐ исфрлив и колку успеав да заштедам со тоа за само два месеца!

Убавина

Секој месец одев на маникир и педикир, и тоа задоволство го плаќав 1.750 денари. Бидејќи не можам и не сакам да се откажам од убави нокти, за тој луксуз си купив половна ламба и пакетче основни гелови и прибор, и сега тоа го правам сама. Значи, првиот месец не заштедив ништо, бидејќи за истите пари купив материјал, но вториот месец заштедив 1.750 денари, а овој материјал сигурно ќе ми трае со месеци, ако не и цела година.

Одлучив и депилацијата да ја извршувам дома

Порано, само за отстранување на влакненцата месечно трошев помеѓу 1.250 и 1.500 денари. Секој месец одев на депилација над усните (250 денари) и кубење на веѓите (250). Депилација на целото тело во салон ме чинеше 1.100 денари, но бидејќи не можев тоа да го правам еднаш месечно, поради тоа што влакната ми растат нееднакво, го правев парцијално – 450 за нозе, 300 за раце, 250 за препони, 350 само под колена… Решив да го вратам во употреба мојот епилатор, а за лицето купив пакување ленти со восок, кое го платив 125 денари и ќе ми трае со месеци. Веѓите ги обликувам сама (фала Јутјуб!).

Значи, на депилација веќе заштедив околу 1.350 денари, помножено со два месеца – 2.700!

Сфатив дека претерувам и со производите за коса. Наместо со пилинг, се туширам со помош на обична, нежна купка за бањање, која има ефект на пилинг. Сфатив и дека за косата не ми треба и шампон и балсам и капки за врвовите и спреј за после сушење… Доволен ми е само шампон и балсам.

Кога ќе ги исфрлам капките, спрејот и пилингот, тоа се уште 750 денари заштеда. За два месеца, тоа е 1.500 денари заштеда!

Па така, на убавина за два месеца заштедив вкупно 5.950 денари, а притоа и понатаму сум убава и негувана! Да не зборувам за тоа колку бев шокирана кога пресметав колку пари трошам на изгледот.

Храна

Кога станува збор за храната, не решив само да штедам, туку и да бидам поздрава. До неодамна, сигурно купував барем 10 кесички чипс месечно (500 денари за глупав и нездрав чипс!), готови сендвичи на работа (120 денари помножено со 20 работни дена е еднакво на 2.500 денари за нездрав оброк!), потоа други грицки и десерти на кои сигурно трошев минимум 1.000 денари.

Пресметав дека за тие 1.500 денари што ми одеа само на чипс и сендвичи, можам да приготвувам здрави салати и сендвичи цел месец, а овие 2.500 денари ми остануваат во џеб. За два месеца, тоа се 5.000 денари!

Гориво

И јас и сопругот почнавме да одиме со велосипед таму каде што можеме, повеќе да користиме градски превоз, а автомобилот да го возиме само кога ни е неопходен или ни го олеснува животот, како на пример, за пазарење во супермаркет. Заштедивме 1.000 денари за еден месец, 2.000 за два месеца!

 

Секојдневни трошоци во домаќинството

Можеби ви изгледа како нешто занемарливо, но ако пробате, и самите ќе се уверите дека малите работи прават голема разлика. На пример, порано три до пет пати неделно ја полнев кадата и уживав. Сега тоа го правам само еднаш неделно и потрошувачката на вода ни се намали.

Почнавме да внимаваме на струјата – ги гасиме непотребните светла, ги исклучуваме од струја уредите што не се активни во моментот. Престанав да ја вклучувам машината за алишта кога е полна само до пола. Се намали и сметката за струја и количината на искористен прашок и омекнувач!

На ова заштедивме сигурно околу 750 денари месечно, а за два месеца тоа се 1.500 денари!

Исто така, престанавме да плаќаме кабловска, бидејќи и онака гледавме само два канала. Се насочивме само на Интернет. Ете, заштеда од уште 900 денари, за два месеца 1.800!

Кога сето тоа ќе се собере, на потполно непотребни трошоци во домаќинството заштедивме 3.300 денари за два месеца!

Вкупно за два месеца заштедив 16.250 денари и тоа не сметајќи ги трошоците што ги исфрли мојот сопруг (престана да пуши, што е заштеда од 4.500 денари месечно!).

Мислам дека секој го може ова, само треба да седнете и добро да пресметате на што и колку пари трошите – ќе се шокирате кога ќе сфатите дека главно ги фрлате парите!

За да направите детален и функционален план, можеби ќе ви помогне и методот какеибо

Станува збор за идеја што се родила во Јапонија, во далечната 1904 година, која на едноставен начин ни овозможува да согледаме како ги трошиме парите. И да ги поправиме грешките, секако!

1. Запишете ги сите приходи што ги очекувате во текот на месецот: плата, дополнителен хонорар, па дури и роденденски подарок (ако е во пари)…

2. Потоа, забележете ги сите неопходни трошоци: сите сметки, кирија (ако имате), трошоци за превоз…

3. Одземете го тој износ од заработката. Така ќе ја добиете цифрата што ќе ја имате на располагање во текот на месецот за сите преостанати трошоци, како храна, облека, козметика, книги…

4. Одлучете колкав износ сакате, а можете, да заштедите во текот на месецот. Одземете го и тоа од сумата што сте ја пресметале во третиот чекор.

5. Добиената сума поделете ја со 4,5 и ќе го добиете износот што можете да го трошите на неделно ниво.

Методот какеибо предлага да водите и дневник на трошоци, кој треба да го поделите во категории како „храна“, „фитнес“, „превоз“… На крајот од неделата, погледнете во која категорија трошоците ви биле најголеми, па размислете што од тоа би можеле да поправите.

Пробајте! Ништо не можете да изгубите!

Начинот на кој управувате со парите може да открие многу за вас

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.