Бакни ме! Дознајте која нијанса на кармин најмногу му одговара на вашиот тен

Во светот се продаваат 22 кармини во една секунда!

Интензивни бои, луксузен дизајн – а потоа тоа прекрасно чувство при негово нанесување… само во Европа годишно се продаваат над 36 милиони кармини. Тоа е инвестиција што секоја жена ќе ја направи среќна и убава…

Уште кога Клеопатра ги намачкала усните со темноцрвена боја за да го заведе Цезар, карминот стана ултимативно средство за инстант-гламур. Мејкап-трендовите се менуваа, но тоа кутивче со волшебна кремава или течна текстура беше и остана најдобра женска пријателка.

Вешто нанесен кармин во нијанса што му одговара на вашиот тен претставува билет за успех во заведувањето, го креира вашиот препознатлив имиџ и ви влева самодоверба. Затоа, не експериментирајте премногу – вашиот тен, форма на усни и гардероба нека ви бидат главна насока за избор на вистинската боја.

На кого што му одговара?

На црвенокосите девојки најдобро им прилега црвен кармин со син или портокалов отсјај.

Темните кармини се за жени со полни усни, но внимавајте, може да ве направат да изгледате постари.

Розовиот кармин ќе придонесе забите да ви изгледаат побели, додека портокаловиот има спротивен ефект. Ако имате тенки усни, користете пастелни нијанси.

Преку кармин во боја на кожата најдобро е да нанесете сјај за пополни усни.

Светол тен, црна коса, црвени усни – во стилот на Снежана.

Стилистот на Скарлет Јохансон применува мал трик: ако усните се бледи, треба да се истакнат образите.

Формула за долготрајност

Издвојте повеќе време за нанесување кармин и тој ќе ви трае подолго. Прво нанесете подлога на усните. Потоа, намачкајте ги со пудра, па со моливче поцртајте ги контурите на усните. Потоа нанесете кармин. Допрете ги усните со хартиено марамче, а потоа повторно нанесете пудра, па кармин. Така карминот подолго ќе се задржи на усните.

У&З-ИЗБОР:

The ONE Colour Stylist Lustrous Oriflame

Color Karma Rouge Aura

Perfect Mat Lipstick Artdeco

True Color Lipstick AVON

Yves Saint Laurent Rouge Volupté Shine Lipstick 

Deborah Milano ILRosseto Lipstick

Max Factor Colour Elixir Lipstick

Инфо-плус: жените што редовно се шминкаат годишно јадат по еден кармин. Но без грижа, тоа е безопасно, бидејќи денес се прават од масло, восок и пигмент, а не како порано од алабастер или од гипс. Ако карминот содржи повеќе восок – подолго трае. Ако е кремав и светкав значи дека содржи повеќе масло. Сјајот, на пример, содржи 90% масло.

 

Текст: Н. Човиновска

Фото: ПР, Getty Images

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.