5 етерични масла кои помагаат во отстранување на лузни од акни

За чиста и негувана кожа

Штом конечно ја освоивте таа долга битка со акните, она што ви останува на лицето како потсетник се сите лузни.

Тие предизвикуваат несигурност кај многу жени, исто како и акните. Светот за убавина одамна ги наметна своите „правила за убавина“ и како треба да изгледа жената, а само во последните неколку години започнаа да се менуваат работите.

За среќа, лузните од акни не се нешто што е невозможно да се реши, но запомнете дека убавината навистина доаѓа одвнатре и вие сте прекрасни како што гледате и вие самите. За да ви помогнеме да ги решите вашите несигурности кога станува збор за лузни од акни, ви предложуваме неколку етерични масла кои можат да ви помогнат да ја прекинете борбата.

Како прво, мора да запомните дека високо концентрираните есенцијални масла не треба да се користат директно на лицето, туку разредени со јојоба, арган, бадем или роза. Избегнувајте масло од кокос бидејќи може да ги заглави порите. Започнете со 15 капки есенцијално масло во 2 лажички основно масло по ваш избор. Лузни од акни се директен резултат на оштетените пори и бариерите на кожата по исцедувањето на акните, затоа не очекувајте чуда преку ноќ. Исто така, нивото на заздравување на лузни зависи од типот на вашата кожа. Во процесот на лекување на лузни со есенцијални масла, не заборавајте да користите крема за лице со заштитен фактор (тоа треба да го практикувате и онака), избегнувајте да го допирате лицето и да носите премногу шминка. Прочитајте кои пет квалитетни есенцијални масла можат да ви помогнат:

Лаванда

Веќе го користиме како масло за спиење и смирување на вознемиреноста, но има и други својства. Пред спиење, нанесете мешавина од лаванда и основно масло директно на мозолчето. Се покажа дека лавандата има седативни својства и има антибактериско дејство, што може да помогне во намалување и заздравување на лузни од акни.

Роза

Есенцијалното масло од роза има и антибактериски агенси и работи одлично за отстранување на лузни. Исто така, се препорачува за намалување на брчките.

Семиња од моркови

Етеричното масло од семе од морков има антиоксиданти кои помагаат при лузни, антибактериски и антифунгални агенси кои помагаат при заздравување на раните, а, наводно, помага и во отстранување на темните дамки од лицето.

Чајно дрво

Ова масло е веќе добро познато во борбата против акните, но помага и при лузни и рани.

Пачули

Иако масло од пачули првенствено помага при спиење и се користи во парфеми, многу експерти веруваат дека ги намалува лузните заради неговите регенерирачки својства.

Прочитајте и: Ова е најдобриот начин да се справите со митесерите

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.