За светот тие се жени во години, но овие актерки никогаш нема да го признаат тоа: Тие се чувствуваат како да имаат 20!

Како ви се допаѓаат?

Многумина од нас целиот живот ја пуштаат косата, за на крајот да ја потстрижат кога ќе стигнат до одредена возраст

Во минатото, жените можеби се чувствувале должни да ја ограничат должината на својата коса во средните години, но времињата се менуваат и жените уште повеќе се ослободуваат. Така, сè го прифаќаме нашето вистинско „јас“, одбегнувајќи ги општествените очекувања за тоа како треба да изгледаме, на сметка на тоа што прави да се чувствуваме добро.

Опцијата да имаме коса до половината и на 70 години, во голема мера е дел од тоа.

„Се оддалечуваме од идеологијата дека жените на одредена возраст мора да се потстрижат“, се согласува Дом Сили, меѓународен креативен директор на Color Wow.

„Најважно е да се чувствувате самоуверено, бидејќи тоа на крајот го дефинира вашиот стил и личноста. Нема ништо лошо во тоа да бидете кратко потстрижани кога ќе остарите, но немојте да се придржувате до уверувањата на општеството за тоа како треба да се чувствувате или изгледате.“

Како што старееме, постои голема веројатност дека косата ќе стане сува и груба поради текстурата, како и дека ќе дојде до губење на есенцијалните липиди и влагата, што може да доведе до кршење и недостиг од сјај. Експертите препорачуваат режим за нега на коса, кој настојува длабоко да го нахрани и израмни секој прамен – размислете да вклучите почесто користење маски за коса во вашата дневна рутина.

„Ако практикувате одличен режим за нега и инвестирате во квалитетни електрични апарати за сушење и обликување на косата, нема да ви стане сува и кршлива, па така ќе можете и поретко да се потстрижуваат“, додава Сили.

Експертите исто така советуваат да разговарате со вашиот фризер околу тоа која фризура најмногу ќе му прилега на вашиот облик на лице и која должина најдобро ќе ви стои. Сили препорачува да побарате инспирација од фотографиите на познатите дами, како Никол Кидман и Џенифер Лопез.

„Фризерите знаат како да го нагласат лицето со користење различни нијанси и должини и да ги истакнат најубавите црти – од кожата до очите, правејќи да изгледате помладо и помодерно.“

Погледнете кои жени во Холивуд не престануваат да нè воодушевуваат со својата долга коса, без оглед на годините…

Никол Кидман

Џенифер Лопез

Енди Мекдауел

Деми Мур

Сандра Булок

 

Салма Хаек

Хелен Мирен

Џулија Робертс

Џенифер Анистон

Иман

 

Џулиен Мур

Хали Бери

Сара Џесика Паркер

Дали и вие би се осмелиле да носите долга коса во позрели години?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.