Вие прашувате, професионалец за нега на косата одговара и ги решава вашите проблеми

Прашања и одговори

На вашите прашања за нега и за регенерирање на косата одговара Владимир Трајковски, сопственик на фризерски салон „Ателје Владимир Трајковски“.

Имам долга, малку кадрава коса. Никогаш не сум ја бојадисувала, но сепак косата ми е сува особено на врвовите, па би сакала да ми препорачате некои маски или пакувања за коса што ќе ѝ го вратат сјајот.

Она што би можел да ви го препорачам се препаратите за нега на кадрава коса какви што сега имаат речиси сите брендови за коса. Природната боја на косата по правило е речиси секогаш мат, па препорачувам полуперманентна боја во ист тон со вашата природна нијанса. Таков вид боја ја обвиткува косата однадвор, ѝ дава сјај и ја штити од слободните радикали (сонце, ветер, влага, топлина).

Со години се бојадисувам и неодамна на фризер ме обоија во некоја платинеста боја со виолетов отсјај, но јас излегов жолта. По неколку миења, одлучив да ја повторам постапката со истата боја, но со две нијанси потемна боја, но излегов зелена. И реков на фризерката да ме пребојадиса и сега сум бринета. Што се случува со мојата коса?

Премногу боење во краток период. Постојат одредени правила при преминувањето од потемна во посветла нијанса и обратно. Доколку фризерот се придржува кон тие правила, не постои можност да се добие несакана нијанса.

Прво што треба да направите сега е да ги потстрижите барем врвовите на косата и да користите цела линија производи за регенерирање на косата (шампон, маска, ампули). Тие производи се наменети за обновување и за хранење на косата, а отсега употребувајте исклучиво полуперманентна боја и одете кај стручен фризер.

У&З-предлог против опаѓање на косата:

Vichy Dercos Aminexil Clinical 5 ампули против опаѓање на косата (21 ампула).

DERCOS Aminexil Clinical 5 е трет број 1 третман во Европа за опаѓање на косата и избор на трихолози за алопеција со клинички докажана ефикасност: 91% од жените забележале помалку опаѓање на косата после туширање, 89% – помалку опаѓање на косата во текот на денот.

DERCOS Aminexil Clinical 5 повеќенаменската нега против опаѓање на косата е комплекс на октеин, витамини ПП и Б6 работи на овој начин, дејствувајќи на три нивоа: коренот на косата, скалпот и вчакната на косата.

Лабораториите DERCOS на Vichy веќе 50 години се дерматолошка експертиза во грижата за скалпот и косата. Dercos е дизајниран да ги реши најчестите проблеми: опаѓање на косата, перут, истенчување.

🤎 Dercos Densi-Solutions – формула заснована на патентирана молекула стеноксидин, со церамиди и рамноза се бори против опаѓање на косата, ги прави влакната подебели и погусти, ја обновува структурата на косата, спречува кршење.

💚 Dercos против перут содржи селен, пироктон оламин, церамид P и салицилна киселина. Ефикасно го намалува растот и репродукцијата на габата Маласезија, го зајакнува скалпот и нежно ги ексфолира мртвите клетки на кожата, го олеснува чешањето и го смирува скалпот.

❤️ Dercos Aminexil – формула заснована на патентирана молекула на Aminexil и витамини ПП, Б5, Б6 ефикасно се бори против истенчување и опаѓање на косата.

Повеќе информации за производите и за тоа каде можете да ги набавите можете да добиете ТУКА.

Текст: Убавина и здравје, ПР

Фото: Getty Images, PR

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.