Еднаш кога ќе ја пробате оваа фризура, ќе заборавите на сите други: Ги брише годините, од секоја жена прави БОМБА!

Погледнете

Иако со години не се симнува од престолот на најпопуларните фризури, оваа сезона пристигнува во малку подолга форма, па жените ширум планетата повторно полудеа по овој начин на потстрижување

Боб-фризурата е шик. Можат да ја носат тинејџерки, но и жени во години. Неверојатно е тоа колку може да ве подмлади, а уште и ако го испробате новиот тренд – малку подолг боб, ќе се воодушевите!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessica Alba (@jessicaalba)

Трендовите го ставаат акцентот на поприродни, поелегантни и попрактични фризури, па не е ни чудно што подолгиот боб, популарно познат и како лоб, го нашол патот до врвот на листата на најпожелни фризури. Суштината на оваа верзија на боб е тоа што фризурата не треба да биде ни прекратка ни предолга, односно пожелно е да достигнува 3-4 сантиметри под брадата.


Таа должина е многу практична – боб-фризурата во овој случај е доволна долга за да можете да ја врзете во мало опавче или пунџа, или да ја стилизирате со шнолички, и притоа да ја задржи својата практичност и леснотија при стилизирањето – ќе можете брзо да ја измиете и исушите косата.

Доказ за популарноста на лобот се и бројните инфлуенсерки и светски убавици што со задоволство го носат. Не само што ова е практична фризура, туку и дава урбан, шик ефект, покрај лежерниот и софистициран печат.

Кога ќе ја исфенирате оваа должина на косата рамно, ќе добиете елегантен, класичен, минималистички ефект, а кога ќе ја навиткате во неуредни, „разбушавени“ бранови, за миг ќе го промените вашиот стил и ќе му дадете шик, разигран шмек.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.