Доколку сакате за релативно кратко време да забележите значителни резултати од фитнес-тренингот, тогаш за вас дефинитивно е високоинтензивен интервален тренинг (HIIT).
Овие вежби ќе ви помогнат да согорите многу калории, да бидете посилни, да ги затегнете мускулите на задникот и стомачните, да имате повеќе енергија и да бидете посреќни.
Дваесет и четиригодишната фитнес-инфлуенсерка од Германија, Памела Рајф, направи компилација од најдобрите високоинтензивни вежби. Погледнете го видеото за да се мотивирате.
Видео: Youtube