Ни претстои астро-период што носи големи промени: На овие знаци ѕвездите ќе им ги замрсат сите конци!

Астро-прогнози

Фото: Getty Images

Сите долгови ќе пристигнат за наплата

Младата месечина во Риби на 13 март ќе се задржи околу 60 часа и може да биде катализатор на тага и меланхолија. Тогаш претерано ќе реагираме на два можни начина: ќе ги преувеличуваме своите емоции или ќе ги потиснуваме и потполно ќе ги криеме за да изгледа како ништо да не нè допира.

Во текот на оваа млада месечина, која ќе биде делумно или во целост во знакот Риби, на 12, 13 и 14 март 2021 година, овие три знаци ќе се најдат пред големи искушенија.

Бик

Работата без уживање и задоволство не е добар рецепт за Биковите, иако многумина ќе посегнат по тоа. Емоционално раздразливи, Биковите овој период ќе наоѓаат прибежиште во работата и проектите. Првата лекција за Биковите во текот на оваа млада месечина е: оставете ги професионалните обврски на страна за кратко и фокусирајте се на вашите лични потреби. Се советува да читате добри книги, прошетка во природа и одмор.

Девица

Кога месечината минува низ Риби, луѓето родени во знакот Риби се чувствуваат прилично добро. Меѓутоа, луѓето родени во спротивниот знак, Девица, мора да бидат внимателни, бидејќи ова е неповолен период за нив. Кога месечината е во Риби, деновите се обвиени со мистерија. Емоциите преовладуваат над рационалното размислување во односите.

Девиците во тој период може да почувствуваат дека ја губат земјата под нозе. Не е исклучена можноста некои припадници на овој знак да бидат преплавени од многу интензивни емоции кои ќе ги попречуваат во функционирањето. Ова е период кога на Девиците им е многу тешко да се концентрираат на работните задачи. Постои значајна можност за грешки при различни пресметки, но и грешки кои произлегуваат од немарност. Многу изразените емоции негативно влијаат врз нивната работа.

Јарец

Зборовите можат да повредат и да излечат. Најтешката лекција за Јарците во текот на младата месечина во Риби ќе биде како со блиските ефикасно да разговараат за своите потреби. Ако останат стегнати и затворени, Јарците ќе отворат нов круг на проблеми.

Но ако на блиските луѓе им покажат дека ги разбираат и прифаќаат нивните критики, тие особено ќе го ценат напорот на Јарците. Јарците имаат задача на правилен начин да ги изразат своите емоции и без да се навредат да ги примат и обработат информациите што ги добиваат од другите.

Сезона на Риби: Што нè чека до 20 март?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.