Трендот на слабеење во Холивуд продолжува: После Адел и таа започнала диета и ја довела линијата до совршенство!

Непрепознатлива

Се ослободила од вишокот килограми, но се’ уште може да се пофали со занесни облини

Актерката Ребел Вилсон решила оваа година да изгледа најдобро досега, па почнала со редовно одење во вежбалница пред неколку недели. Нејзиниот тренер изјавил дека засега и’ оди одлично и дека е редовна на тренинзите на кои дава се’ од себе.

Актерката цел живот се мачи со вишокот килограми, а сега решила дека на тоа му дошло крајот. Таа успеала за кратко време да симне 10 килограми.

Нејзините следбеници на Инстаграм ја преплавиле со коментари во кои го фалат нејзиниот нов изглед и ја мотивираат да продолжи понатаму.

И самата актерка открила дека никогаш не се чувствувала подобро. Таа се одлучила за природно слабеење. Килограмите исчезнуваат благодарение на напорните тренинзи на кои оди 6 пати неделно.

Доколку планирате да се ослободите од качените килограми за време на празниците, Ребел нека ви биде мотивација. Таа рекла:

„Ако можам јас, тогаш сигурно и вие ќе бидете успешни на патот кон губењето килограми.“

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време