Модно правило за жените на возраст од 20 до 50 години: Вака облечени, сите изгледаат феноменално!

Класиката останува класика

Добрите модни правила им одговараат на сите, без оглед на годините, градбата на телото, времето…

Откако Коко Шанел одлучила да ги изедначи половите што се однесува до модата, женското одело стана моден хит број еден кој опстанува со децении.

Жените од сите возрасни групи од дваесеттите до педесеттите години, носат одело со гордост во сите пригоди кога сакаат да изгледаат шик.

Дека ова правило се’ уште важи, се уверивме и последниве денови. Имено, на ист ден, на различни делови од планетата се појавиле три жени на различна возраст, облечени во одело.

Бела Хадид (23) на модната недела во Париз излегла на модната писта облечена во бело одело со линии на дизајнерот Александар Вотије. И покрај машкиот крој, младата манекенка никогаш не изгледала поженствено.

https://www.instagram.com/p/B7pP6_RnnNs/

Кејт Мидлтон (38) деновиве е во центарот на вниманието со оглед на скорешниот скандал во кралското семејство. Војвотката продолжува да работи со полна пареа, а новинарите и понатаму најмногу ги интересира нејзиниот моден избор. И овој пат не не’ разочара. Имено, војвотката се појавила облечена во црни панталони со класичен крој и зелена кошула со панделка. Едноставно, средено и прекрасно. Овој моден избор може да го направи секоја жена и ќе изгледа феноменално.

https://www.instagram.com/p/B7qY6PrH-_W/

Моника Белучи (55) на модната недела во Париз се појавила во црно одело и црна свилена кошула. Сите зборуваат дека на модната ревија се појавила почитувајќи го најновото модно правило: класично и елегантно.

https://www.instagram.com/p/B7qOJupnPZ6/

Без оглед на годините и пригодата, оделото нека биде вашиот прв моден избор.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.