Овие 7 реченици ги изговараат само слабаци: Одлика на инфериорни и неспособни луѓе!

Проблеми со самодовербата

Може да се научат вештините за комуникација

Ако сакате луѓето да веруваат во вас, прво мора вие да верувате во себе. А кога верувате во себе, тоа мора да се види и чуе. Човекот што верува во себе, не смее да звучи молчаливо и понизно. Конкретно, ако ги изговарате следните 7 реченици, нема да звучите ниту способно ниту силно, туку ќе оставите впечаток на обични слабаци!

„Не сакам да те вознемирувам, но…“

Кога станува збор за нешто важно и итно, најверојатно ќе мора да „вознемирите“ некого, односно да му се обратите. Вие всушност не сакате да се чувствувате непријатно поради кажувањето на проблемот на други луѓе и чекањето одговор. Најмногу се плашите од одбивање.

Засекогаш треба да ја заборавите оваа реченица. Кога ќе ја изговорите, вашата контрола им ја предавате на друга личност или група луѓе, а себеси сте се прикажале како неодлучен слабак. Ако не сте сигурни дали другата личност има време да разговара со вас, кажете: „Ако имаш минутка, би сакала да поразговараме за некои проблеми/работи/предлози…“

„Извини…“ (без причина)

Силната личност што верува во себе никогаш нема да се плаши да ја признае својата грешка и да се извини поради неа. Но кај слабаците, зборот „извини“ се повторува и кога нема потреба за тоа. На овој начин покажувате дека сте инфериорни. Колку пати дневно го изговарате овој збор? Колку пати навистина ви бил потребен? Дали навистина сте направиле нешто лошо? Добро размислете пред да кажете „извини“!

„Се грижам…“

Несигурните луѓе многу често ја користат оваа реченица. Тие навистина постојано се загрижени за нешто, но најчесто премногу и без некоја реална основа. Кога го кажувате тоа на глас, покажувате дека многу размислувате за негативниот резултат на некоја ситуација и дека нема ронка оптимизам во вас. На крај сите ќе почнат да ве одбегнуваат, бидејќи никој не сака негативен став.

„Сам/а ќе го направам…“

Успешните луѓе не се плашат да преземат одговорност и да тргнат во акција. Но тие ја работат работата за која се одговорни, не ги преземаат сите можни детали – од правење кафе до чистење на канцеларијата, покрај својата основна работа. Кога го правите тоа, автоматски покажувате дека сте слабак кој не се почитува себеси, па затоа ни другите нема да ве почитуваат. Бидете тимски играч, но не скокнувајте да работите се’ наместо другите.

„Јас само…“

Секогаш кога ќе ја изговорите оваа реченица, автоматски го намалувате значењето на она што ќе го кажете.

„Ако не ти е тешко, можеш ли…“

Секогаш кога барате дозвола да прашате за нешто, праќате порака дека вашето барање и не е толку важно. Притоа, му олеснувате на соговорникот да ви каже „не“. Се’ што имате да кажете, кажете го со нормален тон, со самодоверба, дури и ако разговарате со шефот. Не користете понизен тон, за да не изгледа дека молите за помош. Почнете со следните зборовите: „Кога ќе имате некој слободен момент, ве молам…“

„Верувам/мислам/чувствувам дека…“

Потполно бесмислени фрази кои укажуваат на вашата несигурност. Наместо да кажете „Верувам дека ова е важно за нас“, кажете јасно и авторитативно „Ова е многу важно за нас“.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.