Тајната на добриот изглед на Џесика Алба: Со овој режим на исхрана ослабела 15 килограми за 4 месеца!

Здраво слабеење

И славните дами одвреме-навреме имаат проблеми со вишокот килограми

Џесика Алба во еден период од животот се борела со вишокот килограми, но благодарение на дисциплината и овој режим на исхрана успеала да ја доведе фигурата до совршенство.

Нејзиниата лична тренерка, Кели, открила во едно интервју на кој начин се изборила со килограмите и како ги одржува постигнатите резултати. Целата суштина е всушност во балансираната исхрана и во внесувањето на вистинските нутриенти во организмот.

Појадок: идеално време за смуди

Богатото и здраво смуди за појадок ќе ви го наполни телото со богати нутриенти, ќе ви даде доволно енергија за почеток на денот и ќе ви помогне да издржите до ручекот без гладување. Направете зелено смуди со малку протеински прав, авокадо, чиа семе, спанаќ и бадемово млеко и ќе видите како вашиот организам, но и тело, ќе се смени.

Почитувајте го правилото на бројот четири

Ова е вашата карта за идеална исхрана. Обидете се вашата чинија да биде богата со четири работи: протеини, здрави масти, влакна и зеленчук. Со оваа комбинација ќе регулирате околу 8 хормона за глад и ќе го балансирате нивото на шеќер во крвта.

Движете се

Кели постојано ја прашуваат кои се најдобрите вежби за согорување маснотии и губење килограми, а нејзиниот одговор е:

„Правете што сакате, што ве прави среќни. Имајте некаква рутина што нема да ја прескокнувате.“

Исто така, треба да запомните дека целите кон среќа и задоволство, а не кон претерано вежбање што ќе ве депримира и ќе ве натера да ја прекинувате вашата фитнес-рутина, бидејќи е претешка за вас.

Се чини дека слабеењето воопшто не е тешко, доколку се водите според планот на актерката.

Нашмикајте се со Џесика Алба: Славната актерка покажа како нанесува туш без грешка! (ВИДЕО

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.