Сигурно сте слушнале за соматопауза, но дали знаете што претставува?

Што е сега тоа?

Фото: Getty Images

Овој термин се однесува на постепеното опаѓање на нивото на соматотропинот – хормон на растот, што обично почнува да се случува во 40-тите години од животот.

Овој хормон ги стимулира растот, размножувањето и обновувањето на клетките, како и метаболизмот на мастите.

Затоа, почнувајќи од оваа декада од животот, доаѓа до намалување на мускулната маса, зголемување на нивото на масното ткиво, опаѓање на енергијата и намалување на либидото. Што да направите за маскимално забавување на овој процес?

Задолжително вклучете во својата рутина функционален тренинг за мускулна маса, со акцент на движењата што ги имитираат секојдневните активности, како одење, наведнување, туркање, влечење и друго.

Ако главен проблем ви е недостиг на време, решение се интервални тренинзи со висок интензитет (HIIT), но не повеќе од трипати неделно, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да закрепне по тренингот.

Фото: Unsplash, Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.