Трендови во шминката: Што ни носи новата зима?

Дознајте од прва рака

Плус: неколку одлични изненадувања, особено кога станува збор за додатоците за коса…

Дефинитивно малку повоздржани трендови во шминката во однос на претходната сезона, но сепак шармантни и вредни за внимание и труд.

1 Блескаво лице

Здравиот сјај и оваа сезона не ја напушти модната писта. Па, така, не ни преостанува ништо друго освен да го земеме хајлајтерот в раце!

2 Без шминка

Природниот изглед е апсолутно безвременски, а се темели само на подлога во тенок слој, допир на маскара и кармин/сјај во боја на усните.

3 Кафен „зачаден поглед“

Поволен е за секоја пригода, а интензитетот на кафените нијанси можете слободно да го дозирате сами!

4 Надворешно крило

Драматичноста добива ново руво, а правилото е јасно – со дебели линии истакнете го надворешниот агол на окото!

5 Трепки во боја

Погледот истакнат со маскара во боја ќе ја разбие есенската монотонија. Слободно нанесете ја дури и кога сте облечени спортски.

6 Неон

Интензивните неонски нијанси на капаците, кои ја преминуваат „границата“, даваат уметнички печат и ја будат креативноста. Осмелете се!

7 Поделени улоги

Не можете да се одлучите меѓу две нијанси кармин? Нанесете ги и двете – едната на горната усна, другата на долната.

8 Темни нијанси…

… во мат или блескаво издание ги прават усните смели и впечатливи.

9 Свежа трага на бакнеж

Интензивна боја на средината на усните и бледи рабови… Уште еден доказ дека во колекциите за претстојната есен/зима дефинитивно не е видено сè!

10 Различност

Доминира во полето на обликување на веѓите. Некои уметници сосема се откажаа од нив, други необично ги стилизираа, а трети ги направија густи, полни и истакнати. Која опција ви се допаѓа?

11 Обратно венче

Поентата е јасна: ќе ја урами фризурата и ќе ја истакне дополнително, било да станува збор за наједноставен висок кок, или кок од плетенки… Но нема да згрешите и ако го носите на стандардниот начин.

12 Заврзете јазол!

Кој вели дека марамата е резервирана исклучиво за летната сезона?! Дизајнерите дефинитивно го демантираат ова тврдење!

13 Лента како детаљ

Наместо со ластиче, слободно заврзете ја плетенката со лента! Овој тренд е мошне едноставен, а толку ефектен!

14 Живописен допир

Ведрите неонски, но и екстремни нијанси ги вмешаа прстите во косата и донесоа футуристички призвук.

15 Цветни шноли

Тие се израз на копнежот по новата пролет, но и скратено патче до младешки и впечатлив изглед.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.