Рацете во прв план: Kој не сакате убави, затегнати и вретенести раце?

Фитнес-план

Фото: Pexels

Секоја жена настојува со вежбање да постигне вретенести мускули, но не можат сите да го остварат тоа со еднаква брзина и квалитет. Затоа, овој месец нашиот фокус е насочен кон рацете – бидејќи кој не сакате убави, затегнати и вретенести раце?

1 Кобра со дигање на колковите

Легнете на стомак. Поставете ги дланките под рамениците, раширете ги нозете и потпирајте се само на ножните прсти. Вдишувајќи, дигнете ја прво главата, потоа градите, па стомакот (КОБРА). Издишувајќи, дигнете ги колковите. Вдишувајќи, спуштете ги колковите (КОБРА), па издишувајќи спуштете го телото по обратен редослед, прво стомакот, па градите, па главата.

2 Планк

Легнете на стомак. Поставете ги лактите под рамениците, а дланките една кон друга така што да формираат триаголник со лактите. Вдишете, задржете го здивот, подигнете го телото од подлогата така што да се потпирате само на подлактиците и на ножните прсти. Вдишувајќи, спуштете се во почетна положба.

3 Мост со испружени нозе

Седнете со испружени нозе и ставете ги рацете малку зад задникот. Вдишувајќи, кренете ги колковите и испружете го телото. Издишувајќи, подигнете ги колковите и испружете го целото тело. Издишувајќи, спуштете се во почетна положба.

4 Рамнотежа во трупот

Седнете на петиците. Опуштете ги рацете на колената. Вдишувајќи, подигнете се во висок клек и подигнете ги рацете нанапред во висина на рамениците. Издишувајќи, спуштете се во положба „на сите четири“. Вдишувајќи, истовремено ги дигаме и исправуваме левата рака и десната нога. Издишувајќи вратете се во положба „на сите четири“.

5 Спуст надолу

Седнете на петиците. Опуштете ги рацете во скут, ставете ја десната дланка во левата. Вдишувајќи, исправете се во висок клек и подигнете ги рацете нанапред до висина на рамениците. Издишувајќи, спуштете се „на сите четири“. Вдишувајќи, потпрете се на ножните прсти. Издишувајќи, подигнете ги колковите нагоре.

Завршете ја вежбата со издишување и со спуштање на „сите четири“, па вдишувајќи кренете се во висок клек и издишувајќи седнете на петиците.

Текст: Наташа Човиновска

Фото: Getty Images, Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.