ЕВЕ што ни носи затемнувањето на сонцето на 30 април: Нови можности на сите полиња!

Се отвораат нови врати

На 30 април ќе се случи првото затемнување на Сонцето во 2022 година. Иако се работи за делумно затемнување, сепак ќе ни отвори нови врати и ќе ни донесе нови можности.

Доколку постои нешто што силно го посакувате, ова ќе биде идеалниот момент да се поврзете со вашата желба и да видите што ќе се случи.

Од друга страна, затемнувањата имаат тенденција да предизвикаат судбински настани кои ќе ни помогнат да стигнеме до следното поглавје од нашата духовна еволуција.

Тие имаат моќ да нè изненадат, но да не заборавиме дека тие го помагаат текот на настаните кои треба да се случат, иако нам не ни изгледа така на почетокот.

Ова особено важи за ова затемнување на Сонцето, бидејќи планетата Уран е многу активна. Освен тоа, Уран е познат по тоа што носи убави и пријатни изненадувања. Неговата енергија ветува радикална промена. Иако понекогаш делува на шокантен начин, сепак, неговата цел е да внесе повеќе слобода во нашите животи и да нè ослободи од сè што нè кочи за да продолжиме да чекориме на патот кон целта.

За време на ова затемнување, размислете како оваа енергија ви влијае. Кои чекори треба да ги преземете за да постигнете вистинско ослободување? Како вашиот живот може да постане вистински одраз на вашето „автентично“ јас?

Од друга страна, Уран е и планета на будењето, па доколку се случи некакво изненадување пред ова затемнување, третирајте го како еден вид повик за будење што ќе ви овозможи да ги процените вашите постапки.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.