Ова е најефективниот тренинг што можете да го направите дури и дома

Фото: Getty Images

Тренинг за постигнување врвни резултати.

Веројатно сте чуле за HIIT – тренинг во интервали со висок интензитет. Ова е форма на вежба во која интервалите со висок интензитет се менуваат со интервали со низок интензитет. Ова значи дека вежбате колку што можете понапорно за кратко време, а потоа закрепнувате за кратко време, односно одмарате за да можете повторно да продолжите да вежбате што е можно посилно. На пример, ако трчате спринт 20 секунди, тогаш имате 40 секунди до една минута да одморите со лесно трчање и да продолжите со спринт повторно. За време на тренингот, срцето работи на 80-95% од проценетата максимална срцева фрекфенција, а во мирување или слаб интензитет од 40-50%.

Франци Коен, личен тренер, истакнува дека потребни се периоди на одмор за да се подготви телото и да се овозможи вистински да работи максимално за време на интервали со висок интензитет.

HIIT – тренинг со кој постигнувате врвни резултати 

Овој вид на вежбање драстично го намалува времето за тренинг и го зголемува бројот на потрошени калории и го забрзува метаболизмот. Исто така, овие вежби обично не траат долго – не сметајќи го загревањето – тоа би траело околу 10 минути. Ограничете го HIIT на еден или два тренинга неделно и проверете дали го балансирате тоа со многу лесни вежби. Вежбите ги бирате според вас – а тоа вклучува велосипедизам, одење, пливање, трчање…

Погледнете подолу за неколку примери на вежби HIIT. Дали ќе ги испробате?

Прочитајте и: Предности на десетминутен тренинг

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.