Предности на десетминутен тренинг

Дали секогаш бирате вежби и тренинзи кои траат 30 минути или подолго?

Можеби со овој текст можеме да ве убедиме дека тоа не е навистина потребно. Десет минути на ден ќе значат многу за вашето тело, здравје и ум. И тука престануваат изговорите дека немате време да вежбате или дека не постигнувате. Постојат повеќе предности во оваа рутина – и што е најважно, таа е одржлива и полесна за изведување и следење без откажување.

Вежбањето десет минути ви дава можност целосно да се фокусирате на тоа и му дава шанса на вашето тело да се движи. Д-р Бретани Оверстрит, овластен физиолог за клинички вежби, истакнува дека со вакви вежби се држите до тоа што работи, наместо да вршите притисок врз себе во некое неодржливо сценарио. Иако 10 минути може да изгледаат како малку, ваквите тренинзи можат да бидат исто толку интензивни и енергични како и подолгите. Тие можат да вклучуваат некоја комбинација на интервален тренинг од послаб до посилен интензитет. Овие се т.н. HIIT вежби каде кратки налети на максимален напор се менуваат со периоди со помала активност или закрепнување. Сепак, обрнете внимание на интензитетот со кој работите и обавезно пронајдете нешто што најмногу ви одговара. Целта е да го придвижите вашето тело на практичен начин и да останете подвижни.

Добрите страни на десетминутниот тренинг 

И студиите покажаа дека ваквите вежби можат да донесат многу придобивки и помош, како што се чувствителност на инсулин до тоа колку ефикасно трошите кислород кога вежбате. Со кратки сетови вежби, максимално ќе го искористите времето за тренинг и полесно е да се прилагодите на одредена вежба токму затоа што трае само 10 минути. Пандемијата на коронавирусот исто така нè доведе до тоа бидејќи ни даде можност да бараме алтернативни опции и физички активности за да останеме во форма.

Прочитајте и: Тренинг за совршени и цврсти раце

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.