Ако имате проблеми со ‘рчењето, испробајте ги овие три совети

Ако имате проблем со ‘рчењето, тогаш, пред сè, треба да знаете дека на тоа може значително да влијаат некои од овие работи – прекумерна тежина, пушење, дехидрираност и пиење алкохол.

Повеќе од 25 проценти од целото население има проблем со ‘рчењето, а тоа влијае на околу 30 до 40 проценти од возрасните. Колку и да е непријатно ‘рчењето за личност која ‘рчи, толку може да биде и за оние кои спијат со таква личност, но експертката за спиење и психологот Сузи Ридинг сподели како да престанете да ‘рчите и да спиете добро цела ноќ.

– ‘Рчењето може да биде предизвикано од низа фактори и да предизвикаат вибрирање на јазикот, устата, грлото или дишните патишта во носот додека дишете. Кога овие делови од телото се релаксираат додека спиеме, се појавува ‘рчењето. Спиењето со лице кое ‘рчи исто така може да предизвика редовни нарушувања што доведуваат до замор, раздразливост и лошо расположение наутро – објасни таа и откри како да се спречи тоа.

Погледнете го вашиот животен стил

Многу работи можат да ја зголемат склоноста кон ‘рчење, вклучувајќи прекумерна тежина, пушење, дехидрирање и пиење алкохол. „Интегрирањето на здрави навики во секојдневниот живот, хидратацијата и исхраната ќе ја намали веројатноста за ‘рчењето, а истовремено ќе го зголеми целокупниот квалитет на сон и благосостојба“, вели Сузи. 

Проверете ја околината во која спиете

Прашина и полен можат да ја зголемат веројатноста за ‘рчење, особено ако страдате од алергии. Бидете сигурни редовно да ја миете постелнината, како и да се истуширате и да се облечете во чиста облека пред спиење. 

Размислете за спиење на страна

Спиењето на страна може да ја намали веројатноста за ‘рчењето. – Спиењето на страна ја намалува компресијата на дишните патишта, што значи дека ќе ‘рчите помалку отколку кога спиете на грб – објаснува таа.

Прочитајте и: Неодолива мешавина од есенцијални масла за подобар сон

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.