Норма има повеќе од 70 години а изгледа како девојче: Нема да ви се верува што јаде за да биде вита и млада!

Чудо на природата

Оваа жена има само еден совет за младите: јадете здраво и редовно вежбајте

Трендот на вечната младост опасно зема замав. Жените станаа опседнати со годините, стареењето и задржувањето на младешкиот изглед. Сѐ повеќе дами покажуваат на социјалните мрежи како им пркосат на годините.

Една од нив е и Норма Вилијамс, која вели дека стареењето е само состојба на умот. Таа има повеќе од 70 години, но тоа не се гледа на нејзиното лице и тело, бидејќи Норма изгледа како девојче.

Норма не само што изгледа младолико, таа така и се однесува. Еден ден одлучила да го напушти врнежливиот Лондон и да го продолжи својот живот во сончевата и весела Италија. Таа вели дека сега се чувствува многу подобро и дека понекогаш има впечаток дека има 20 а не 70 години.

Но како Норма успеала да им се спротивстави на годините? Таа вели дека цел живот се храни здраво и вежба.

Со тренинзи почнала кога имала 20 години и оттогаш се труди секојдневно многу да пешачи и да се обезбеди урамнотежена исхрана.

Нејзиниот појадок се состои од две капучина и малку леб, банана или портокал или некое друго сезонско овошје.


За вечера Норма јаде зеленчук со протеини: морков, брокули, грав, печурки со соја-сос, маслиново масло, семиња, боровинки или чипс од јаткасти плодови.

Нејзиното омилено јадење е шпагети со маслиново масло, кое го додава во сите оброци.

Помеѓу оброците често јаде црно чоколадо, салата со грчки јогурт, мед и ореви.

Јаде сè, не се откажува од ништо, а во шестата деценија изгледа како милион долари: Ова е диетата на Никол Кидман!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.