Леб на племето Хунзи: Оригинален рецепт стар 2.000 години!

Едноставен рецепт

Хунзите се племе во кое живеат најздравите луѓе на планетата. Тајната на нивното здравје, помеѓу другото е и лебот чапати

Камали е традиционален леб чапати на племето Хунзи, а рецептот за ова здраво печиво е стар околу 2.000 години. Овој леб е многу здрав, а може да ви помогне и да изгубите тежина, бидејќи е хранлив, па само 1 или 2 порции леб камали ќе ви го намалат апетитот и ќе ве заситат 4 до 6 часа.

Лебот камали не содржи шеќери, ниту слатки додатоци, како повеќето модерни лебови чапати, а една од важните состојки е „глечерското млеко“ односно минерална вода со боја на млеко која се добива од глечери и богата е со минералите и хранливите материи од карпите.

Рецепт за леб камали
Состојки:
  • 1 шолја брашно од цело зрно мелено на камен или мешавина од 1/3 пченично брашно и 2/3 брашно од хелда
  • на врвот од лажиче морска сол или посолен зачин од зеленчук
  • 1/2 шолја глечерско млеко (минерална вода)
Приготвување:

Измешајте ги брашното и солта, па полека додавајте ја водата и мешајте додека добиете тесто. Површината на која ќе го правите лебот посипете ја со брашно, а потоа месете додека тестото стане меко и еластично.

Завиткајте го замесениот леб во влажна крпа и оставете го да отстои 30 минути. Поделете го тестото на топчиња со големина од околу 3 сантиметри, а потоа расучете го секое топче во тенка тортилја со големина од околу 20 см во пречник.

Тортилјите печете ги на плотна, прво од едната па од другата страна околу 10 минути.

Од овој рецепт ќе добиете околу 10 лебови чапати.

Леб од камена доба, без брашно, млеко и квасец: Ќе го обожавате овој рецепт!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.