Јаде сè, не се откажува од ништо, а во шестата деценија изгледа како милион долари: Ова е диетата на Никол Кидман!

Актерката ја открила тајната за вита фигура

Актерката навистина изгледа беспрекорно, а еве на што се должи нејзината вита линија и одлична форма

Совршената фигура ја краси откога заблеска на актерското небо во Холивуд. Никол Кидман никогаш не криела дека многу внимава на својот изглед и здравје, а ако сте се прашувале која е нејзината тајна и како ѝ успева сиве овие децении да биде толку вита, ова е одговорот.

Австралиската актерка практикува посебен режим на исхрана, попознат како диета 80:20. Тој подразбира 80 отсто од времето да јадете здрави намирници, а преостанатите 20 отсто да се опуштите и да уживате во омилените десерти, грицки и печива.

„Воопшто не сум строга кога станува збор за исхраната. Јадам сè, но умерено“, открила актерката во едно интервју.

„Се обидувам 80 отсто од намирниците што ги внесувам да бидат здрави. Понекогаш тоа паѓа на 70 отсто, но мислам дека најважно е да го најдете она што вам ви одговара, а јас навистина сум полна со енергија.“

Нутриционистите го поддржуваат овој режим на исхрана, бидејќи не подразбира исфрлање на ниту една група намирници, ниту опсесивно броење калории. Дополнително советуваат оброците однапред да се планираат за да се воспостави подобра контрола над храната што се внесува.

План за исхрана и вежбање на Ким Кардашијан
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.