Миранда Кер секој ден го започнува вака: Благодарение на овој трик има тело од соништата!

Тајната на добриот изглед

Манекенката ја открила тајната на својата беспрекорна линија

Миранда Кер не е без причина една од најуспешните манекенки на денешницата. Нејзината фигура има идеални пропорции, а лицето секогаш ѝ е свежо, без ниту една маана. Сето тоа го постигнува благодарение на само еден трик што секој од нас може да го изведе.

За топ-форма, потребно е само малку дисциплина и започнување на денот на вистински начин. Таа вели дека сака да вежба и никогаш не би си дозволила себеси да се запушти, па затоа строго внимава на изгледот. Сѐ друго може да занемари, но овој утрински ритуал никогаш не го прескокнува.

https://www.instagram.com/p/B_wD2F1nAjv/

Миранда секое утро, штом стане од кревет, пие шолја млака вода со лимон. Оваа комбинација е позната како најмоќна кога станува збор за топење масни наслаги. Лимонот изобилува со витамин Ц, кој е добар за кожата, но исто така е и моќен сојузник за слабеење и одржување добра линија.

Придобивките од ваквото започнување на денот се многубројни. Само со една чаша, ќе го покренете метаболизмот, ќе ги исфрлите насобраните токсини и ќе ѝ го вратите сјајот на кожата.

https://www.instagram.com/p/B_soDw6Bl7B/

По оваа утринска комбинација, таа приготвува појадок, кој речиси секој ден е ист. Зелено смуди што ѝ дава доволно енергија за цел ден.

Приготвување:

  • бадемово млеко
  • свежа папаја
  • малку свеж спанаќ
  • боровинки и малини
  • малку путер од бадеми

Потоа, следува 15 до 30 минути јога (во зависност од тоа колку време има) и подготвена е за да го продолжи денот.

Поради овој сок Новак Ѓоковиќ секогаш е здрав: Секое утро прво го пие ова!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.