Здрави бомбици

Рецепт на Наталија Деспотовски

Само за 15 минути и со 4 состојки до совршен и здрав десерт, без додавање шеќер, млеко или јајца. И без печење! Рецептот за овој вкусен десерт ни го обезбеди Наталија Деспотовски.

Без додаток на шеќер, млеко или јајца. Без печење. Потребни ви се само блендер и желба да пробате нешто слатко, а притоа да не внесете некаков шеќер. Гарантирам за незаборавен вкус!“

Состојки (за 24 парчиња):

200 г урми

250 г бадеми

4 лажици какао

2 лажици мед

Приготвување:

Бадемите ги ситниме во блендер, па одделуваме 50 г од нив, а преостанатите 200 г ги ставаме во длабок сад.

И урмите ги ситниме во блендер и ги додаваме мелените бадеми.

Со дрвена лажица пополека мешаме.

Откако ќе се соедини смесата, го додаваме какаото.

На крајот се додаваат двете лажици мед. Повторно мешаме.

Смесата ни е подготвена за обликување на бомбиците.

Со мало лажиче земаме од тестото и со рака ги обликуваме бомбиците.

Ги ставаме на чинија.

Од смесата се добиваат 24 бомбици по 20 грама.

Обликуваните бомбици ги валаме во иситнетите бадеми.

Бомбиците се подготвени за послужување.

Авторка на рецептот и на фотографиите: Наталија Деспотовски @natalicooking

Сега, покрај утринското кафенце ќе имате превкусно слатко задволство. Брз и едноставен рецепт, кој мора да го пробате, а за незаборавен вкус – ви гарантирам“, порачува Наталија.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Приватна архива

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.