Лупита Нионго воодушеви со интензивниот тренинг со одлична музика во заднина

Таа дефинитивно нè инспирираше!

Лупита Нионго сподели на својот Инстаграм профил одличен интензивен тренинг што ќе ги инспирира сите! Краток клип од нејзината фитнес-рутина ќе ве „запали“ само со гледање, а дополнителен плус е музиката на познатиот шведски бенд „Ace Of Base“ во позадина, односно песната „Sign“.

Видеото покажува како оскаровката држи мали тегови во салата и изведува потези во постојан ритам, додека цело време го пее хитот „Sign“. Во позадина е тренер кој го следи целиот процес на вежбање, потсетувајќи ја да продолжи да дише. Коментарите на објавата исто така беа повеќе од одлични, а луѓето ја поддржуваа и охрабруваа.

Лупита Нионго веќе има искуство со вежбање во теретана, особено кога го снимаше фимот „Црн Пантер“, а за улогата во тој филм мораше да биде во многу добра форма за да може да ги направи сите акробации што ѝ беа побарани за време на снимањето . И покрај тоа што беше интензивно, Нионго рече дека го сака „физичкиот предизвик“ на нејзината улога и дека тренингот за тој филм вклучувал шестнеделен камп во Атланта, кој ја научил на посебни вештини шест часа неделно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lupita Nyong’o (@lupitanyongo)

Во секој случај, Лупита е сè уште активна и во последно време напорно работи на својата кондиција и како што вели: „Фитнесот беше мој пријател еднаш. Се сретнавме повторно и се заљубивме“. Покрај хаштагот „SummerBody“, таа сподели и видеа во кои изведува сквотови и склекови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lupita Nyong’o (@lupitanyongo)

Прочитајте и: Како ослабе Клои Кардашијан: Тајната на совршената фигура!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.