Кратка вежба за зајакнување на стомакот и отстранување на масни наслаги за работа од дома

Еден од поголемите проблеми кога станува збор за губење на вишок килограми за многу жени е стомакот. Масните наслаги акумулирани во оваа област се вистински кошмар за многумина.

Она што многу луѓе не го знаат е фактот дека масните наслаги не само што се естетска „непријатност“, туку и дека се исклучително штетни за здравјето на луѓето. Имено, масните наслаги се опасни по здравјето бидејќи ги обвиткуваат внатрешните органи и го попречуваат нивното нормално функционирање. Покрај тоа, тие влијаат на хормоналната рамнотежа и го зголемуваат ризикот од сериозни болести. Факт е дека за рамен стомак прво е потребно да се променат навиките во исхраната. Но, работите не можат да се променат ако не вежбате.

Кога станува збор за вежби за зајакнување на стомакот, повеќето луѓе мислат на стомачни. Но, тренерот Дино Малвоун за МБГ смисли осумминутна рутина која се состои од три вежби, преку кои ќе работите на правилно дишење и држење на телото што ќе ги активира сите стомачни мускули. Подолу ќе најдете видео со упатства, а она што го нагласува Малвоун е дека можете да ја прилагодите секоја вежба доколку ви е тешко да ја изведете.

Прочитајте и: 5 здрави навики што ги имаат жените кои редовно вежбаат

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.