Десерт што се топи во уста: Пригответе мињони со кокос!

Уживање за непцата

Нема да можете да изедете само едно вакво кокосово задоволство!

Состојки:
  • 100 мл слатка павлака
  • 250 г маргарин
  • 300 г шеќер
  • 250 г кокос

За преливот:

  • 150 г чоколадо
  • 4 лажици масло
  • 50 г бело чоколадо
  • 1 лажица масло

Приготвување:

1. Во тенџере се мешаат слатката павлака, шеќерот и маргаринот, па се вари на умерена температура додека зоврие. Потоа се додава кокосот и се меша додека се соедини смесата.

2. Подлабок квадратен плех со димензии 20 х 20 см се обложува со хартија за печење, па во него се става приготвената смеса, па се рамни. Кога ќе се олади, се остава да преноќи во фрижидер.

3. Оладениот колач се сечка на помали коцки.

4. Чоколадото се топи на пареа со масло, па во него се макаат приготвените коцки, се цеди вишокот чоколадо, па се распоредуваат на послужавник и се оставаат да се зацврсти глазурата.

5. За приготвувањето на глазурата белото чоколадо се топи со маслото на пареа, па со тоа одгоре се шараат коцките.

Извор: Добра храна

Слатки залачиња: Крем бруле од костени
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.